Псалми. Chapter 51

1 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои.
2 Многупати ме изми од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев,
3 зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене.
4 Пред Тебе Единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш праведен кога ке пресудуваш и да победиш кога ке судиш.
5 Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мајката моја.
6 Но, Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајната премудрост Твоја.
7 Пороси ме со исоп, и ке бидам чист; измиј ме и ке бидам побел од снег.
8 Дај ми да чујам радост и веселба, и ке се зарадуваат коските мои ослабнати.
9 Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија.
10 Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.
11 Не отфрлај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај Го од мене.
12 Врати ми ја радоста, спасувајк ме и со Својот мокен Дух зацврсти ме.
13 Беззакониците ке ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ке се обрнуваат.
14 Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение, и јазикот мој ке се зарадува на Твојата правда.
15 Господи, отвори ја устата моја, и устата моја ке ја објави похвалата Твоја;
16 оти, да сакаше жртва, јас ке Ти ја принесев; но сепалениците не ги сакаш.
17 Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, боже, не отфрлуваш.
18 Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги sидовите ерусалимски.
19 Тогаш ке Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ке принесуваат телци.