Псалми. Chapter 59
1 Спаси ме од непријателите мои, Боже мој, заштити ме од оние што стануваат против мене!
2 Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците;
3 зашто, ете, тие ја демнат душата моја; ме напа аат силните беа престап мој и без грев мој, Господи.
4 Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и погледај.
5 Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израилев, разбуди се и посети ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие.
6 Навечер тие се вракаат, вијат како кучиња и одат околу градот.
7 И, ете, хулат со јазикот свој; во устата имаат меч, 'зашто, - си велат тие, - кој ке чуе?'
8 Но Ти, Господи, ке ги исмееш; Ти ке ги посрамиш сите народи.
9 Силата моја во Тебе ја чувам, зашто си Ти, Боже, мој застапник.
10 Мојот Бог, Кој ме милува, иде пред мене; Бог мој, Кој ми ги покажува моите непријатели.
11 Не убивај ги, за да не го заборават мојот народ; растури ги со силата Своја и победи ги, Господи, заштитниче мој.
12 За гревот на устата нивна; за зборот во устата нивна нека се фатат во гордоста своја, бидејки само клетви и лаги кажуваат.
13 Во крајниот гнев, и нема веке да ги има; за да увидат, дека Бог управува над Јакова и до краиштата на земјата.
14 Навракаат секоја вечер, гладуваат како кучиња, и одат околу градот;
15 Тие се радуваат кога бараат храна, а кога нема да се заситат, ги поминуваат ноките ‘ржејки.
16 Јас, пак, со песна ке ја славам Твојата сила и од рани зори ке се зарадувам со Твојата милост, бидејки Ти ми беше застапник мој и прибежиште во денот на мојата несрека.
17 Помошник мој си Ти, Тебе Ти пеам, зашто Ти си застапник мој, Боже мој, милост моја.