Псалми. Chapter 54

1 Боже, со името Твое спаси ме и со силата Твоја суди ми.
2 Боже, услиши ја молитвата моја, чуј ги зборовите од устата моја;
3 зашто ту инци се кренаа против мене, и силници го бараат животот мој; тие не мислат на Бога.
4 Ете, Бог ми помогна; Господ е заштитник на животот мој.
5 На непријателите мои Он ке им врати за злото; ке ги истреби со вистината Своја.
6 Со сесрдност Ти принесувам жртва, го прославувам името Твое, Господи, зашто е благо,
7 оти Ти ме избавуваш од секаква мака и окото мое презриво ги гледа непријателите мои.