Псалми. Chapter 15
1 Господи, кој може да престојува во Твоето живеалиште? Кој може да се настани во Твојата Света Гора?
2 Оној, што оди непорочно, што врши правда и во срцето свое говори вистина.
3 Кој не клевети со јазикот свој, не прави зло на ближниот свој и не го навредува ближниот свој;
4 ништожен е пред него оној што е злобен; Господ ги слави оние, што се бојат од Него; кој кога се колне на својот ближен, не порекнува;
5 кој не го дава среброто свое со лихва и не прима поткуп против невин. Кој така постапува, нема никогаш да се поколеба.
1 Славете Го Господа; призивајте го Неговото име; разгласувајте ги ме у народите делата Негови.
2 Славете Го и пејте Му; кажувајте ги сите Негови чудеса.
3 Фалете се со Неговото свето име: нека се весели срцето на оние, кои Го бараат Господа.
4 Барајте Го Господа и утврдувајте се, барајте го секогаш лицето Негово.
5 Спомнувајте ги чудесата Негови, што ги направи, чудесата Негови и судовите од устата Негова,
6 вие, семе Авраамово, слуги Негови, синови Јаковови, избраници Негови.
7 Он е Господ, Бог наш; Неговите судови се по целата земја.
8 Он вечно го помни заветот Свој, зборот што го заповедал во иљада родови,
9 што му го ветил на Авраама, и заклетвата своја на Исака;
10 и му го поставил тоа како закон на Јакова и како вечен завет на Израилот,
11 велејки: 'Тебе ке ти ја дадам Хананската земја во ваше наследство.'
12 Тогаш тие беа уште малку на број, многу малку, и беа придојдени во неа,
13 па преминуваа од народ во народ, од едно царство кон друг народ;
14 никому не му дозволуваше Он да ги навредува и царевите за нив ги караше:
15 'Не допирајте се до Моите помазани, на Моиоте пророци не правете им зло!'
16 И пушти глад во таа земја и секој лебен клас го сотре.
17 Испрати пред нив човек: како роб беше продаден Јосиф.
18 Ги стегнаа во вериги нозете негови; железото ја измачувало душата негова,
19 додека се исполни зборот Негов: зборот Господов го оправда.
20 Царот прати по него, го одврзаа, кнезот над народите и го ослободи.
21 Го постави за домакин над домот свој и управител над сиот имот свој,
22 за да ги поучува кнезовите според својата воља и старешните негови да ги учи на мудрост.
23 Тогаш дојде Израилот во Египет, и Јаков се всели во Хамовата земја.
24 Го умножи Бог многу Својот народ и го направи посилен од непријателите негови.
25 Се преврти срцето нивно и тие го замразија народот Негов, и почнаа да им пакостат на слугите Негови.
26 Го испрати Мојсеја, слугата Свој, и Арона, кого го избра.
27 Ти ги покажаа ме у нив зборовите на Неговите знаци и на чудесата Негови во Хамовата земја.
28 Испрати темнина и се смрачи, и тие не се спротивставија на зборот Негов.
29 Ја претвори водата нивна во крв и ја уништи рибата нивна.
30 Се исполни земјата нивна со жаби, дури и собите на царот нивни.
31 Он рече: и нападнаа песји муви и мушички по сите нивни предели.
32 Наместо дожд, испрати врз нив град, оган што ја гореше земјата нивна,
33 и ги уништи лозјата нивни и смоквите нивни, ги сотре сите дрвја во нивните предели.
34 Рече и нападнаа скакулци и гасеници безброј;
35 и ја изедоа сета трева по земјата нивна, ги испојадоа сите плодови на нивите нивни.
36 И го порази секое првородено во земјата нивна, првините од сиот нивни труд.
37 Ги изведе Израилците со сребро и злато, и немаше болен во племињата нивни.
38 Се зарадува Египет поради нивното излегување, бидејки го беше обзел страв од нив.
39 Им простре облак како покрив и оган, за да им свети ноке.
40 Бараа, и Он им прати потполошки и со леб небесен ги наситуваше.
41 Расцепи камен и потекоа води, потекоа како река по безводната земја,
42 зашто се сети на Својот свет збор кон Авраама, Својот слуга.
43 па го изведе Својот народ со радост, Своите избрани - со веселба,
44 и им даде незнабожечки земји, и така наследија плодови од други народи,
45 за да ги чуваат наредбите Негови и да ги исполнуваат законите Негови. Алилуја!