Псалми. Chapter 11

1 На Господа се надевам, зошто да и речете на душата моја: 'Одлетај во гората своја како птица?'
2 Но ете грешниците, го затегнаа лакот, ја притегнаа стрелата своја на тетивата, па од мрак да стрелаат на чистите по срце.
3 Ти што си направил, тие го разрушија; што може праведникот да прави? Господ е во својот свет храм.
4 Господ е на престолот небесни; очите Негови гледаат на сиромавиот, ве ите Негови ги испитуваат синовите човечки.
5 Господ го испитува праведникот, а безбожникот, и оној што сака неправда, ја мрази душата своја.
6 На грешниците ке пушти дожд од разгорен јаглен, оган и сулфур, а силен ветар ке им биде дел во чашата нивна.
7 Зашто Господ е праведен, ја сака правдата: лицето Негово ке го гледаат праведниците.
1 Со песна ке го прославам милоста и судот, Господи.
2 Kе Ти пеам и ке размислувам за патот непорочен: кога ке ми пријдеш? Среде мојот дом одев со чисто срце.
3 Не ставив пред очите мои ништо незаконски; престапите ги мразам.
4 Развратно срце нема да се прилепи до мене; за лукавиот не сакав да знам.
5 Оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам; со оној, што е со горделиви очи и ненаситно срце, не јадев.
6 Очите ми се управени кон верниците на земјата, за да седат со мене; кој одеше по патот непорочен, тој ми служеше.
7 Не живееше во мојот дом оној, кој гордо постапува; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои.
8 Од рани зори ги убивав сите грешници на земјата, за да ги истребам од Господовиот град сите, што вршат беззаконие.