Псалми. Chapter 86
1 Приклони го, Господи, увото свое и услиши ја молитвата моја, зашто сум беден и сиромав.
2 Зачувај ја душата моја, зашто сум смирен; спаси го слугата Твој, Боже мој, кој се надева на Тебе.
3 Помилуј ме, Господи, зашто кон Тебе викам секој ден.
4 Развесели ја душата на Твојот слуга, оти кон Тебе, Господи, ја вознесувам душата своја;
5 зашто Ти, Господи, си добар, кроток и многумилостив кон сите, кои Те признаваат.
6 Чуј ја, Господи, мојата молитва и послушај го гласот на молбата моја.
7 Во денот на мојата мака повикав кон Тебе, и Ти ме чу.
8 Ме у боговите нема таков каков што си Ти, Господи, и нема дела како Твоите.
9 Сите народи што си ги создал Ти, ке дојдат и ке се поклонат пред Тебе, Господи, и ке го прославуваат името Твое,
10 зашто Ти си велик и правиш чудеса, - Ти си Бог единствен!
11 Упати ме, Господи, кон Твојот пат, и јас ке одам во Твојата вистина; и нека се радува срцето мое, плашејки се од името Твое.
12 Kе Те славам, Господи, Боже мој, од се срце и вечно ке го прославувам името Твое,
13 зашто Твојата милост кон мене е голема: Ти ја спаси душата моја од длабините на пеколот.
14 Боже, законопрестапниците станаа против мене, и многуте насилници ја бараат душата моја: тие Те немаат Тебе пред себе.
15 Но Ти, Боже, Кој си штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистинит,
16 погледни на мене и помилуј ме; дај му ја Твојата сила на слугата свој и спаси го синот на слугинката Твоја;
17 покажи со мене чудо за добро, па да видат оние, што ме мразат, и да се засрамат, зашто Ти, Господи, ми помогна и ме утеши.