Псалми. Chapter 87

1 Основите Негови се горите свети.
2 Господ ги сака портите Сионски повеке од сите населби на Јакова.
3 Граде Божји, преславно се зборува за тебе.
4 'Kе им спомнам на оние кои ме знаат, за Раав и Вавилон; ете, другоплемениците, и Тир, и лу ето од Етиопија, и тие се родија таму беа.'
5 А за мајката Сион ке речат: тој и тој човек се роди во него, и Самиот Севишни го зацврсти.
6 Кога ке се пребројуваат народите и кнезовите, Господ ке напише: сите досега таму се родија.
7 Оние што пеат се радуваат; пеат и велат - сите наши извори во Тебе се.