Псалми. Chapter 85

1 Господи, Ти омиле земјата Твоја, го врати од пленство Јакова.
2 Ти им ги прости беззаконијата на Твоите лу е, ги покри сите нивни гревови,
3 го смири сиот Свој гнев, ја ублажи јароста на гневот Свој.
4 Поврати не, Боже, спасение наше, и одврати ја Твојата јарост од нас.
5 Зар вечно ке се гневиш на нас, или ке го протегнеш гневот Свој од род во род?
6 Нема ли, Боже, да се повратиш, и пак да не оживееш, и лу ето Твои да се зарадуваат во Тебе?
7 Покажи ни ја, Господи, Твојата милост, и подари ни спасение.
8 Kе чујам што ке ми рече Господ Бог, зашто Он ке зборува за мир на Својот народ и на Своите светии, и на оние што со срцето свое Му се обракаат Нему.
9 Да, спасението од Него е блиску до оние, кои се бојат од Него, за да ја насели славата своја во нашата земја.
10 Милоста и вистината ке се сретнат, правдата и мирот ке се целиваат.
11 Вистината ке изникне од земјата, а правдата ке се појави од небото;
12 Зашто Господ ке даде добро, и нашата земја ке го даде својот плод;
13 правдата ке оди пред Него и на патот ке ги става стапките свои.