1 Петрово . Chapter 13

1 Ако зборувам на човечки и ангелски јазици, а љубов немам - тогаш сум бронза што ѕвони или цимбал што ѕвечи.
2 И ако имам дар на пророштво, и ги знам сите тајни и целото знаење, и ако ја имам сета вера, така што и гори да преместувам, а љубов немам - ништо не сум.
3 И ако го раздадам целиот свој имот за да ги нахранам сиромашните, и ако го предадам своето тело да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми користи.
4 Љубовта долго трпи, љубовта е љубезна, не љубомори, љубовта не се фали, не се вообразува;
5 не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува, не памети зло;
6 не и се радува на неправдата, туку се радува со вистината;
7 премолчува сè, на сè верува, на сè се надева, сè поднесува.
8 Љубовта никогаш не престанува, додека ако се пророштва - ќе престанат; ако се јазици - ќе замолкнат; ако е знаење - ќе исчезне.
9 Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
10 но кога ќе дојде совршеното, ќе исчезне делумното.
11 Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете и расудував како дете. А кога станав маж, го прекинав детинското.
12 Зашто сега гледаме како во огледало, загадочно, а тогаш лице в лице. Сега сознавам делумно, а тогаш ќе сознаам целосно, како што сум и самиот целосно познат.
13 Така, сега остануваат триве: верата, надежта и љубовта, но најголема од нив е љубовта.