1 Коринтјани. Chapter 2
1 А сега, ве молиме, браќа, во однос на доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос и за нашето заедничко собирање кај Него,
2 не дозволувајте брзо да се поколебате во разумноста, ниту да се исплашите од некој дух или слово, ни од некое послание, како да е од нас испратено, како веќе да настапил Господовиот Ден!
3 Никој да не ве измами на никаков начин, зашто тоа нема да се случи додека првин не дојде отпадништвото и не се појави човекот на безаконието, синот на погибелта,
4 кој се противи и се воздига над сè што се нарекува Бог или светиња, така што ќе седне во Божјиот храм и ќе се претставува себеси дека тој е Бог.
5 Не помните ли дека за ова ви зборував уште кога бев кај вас?
6 И сега знаете што го задржува за да се открие во своето време.
7 Зашто, тајната на беззаконието веќе дејствува, додека не се отстрани од средината Оној што сега ја задржува,
8 и потоа ќе се јави беззаконикот кого Господ ќе го убие со здивот на Својата уста и ќе го уништи со појавата на Своето доаѓање.
9 Тоа е оној, чие доаѓање е во согласност со сатанското дејствување, со секаква сила, со чудотворни знаци, со лажни чуда
10 и со секаква неправедна измама за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта на вистината за да се спасат.
11 И затоа Бог им праќа заблуда да дејствува меѓу нив за да и веруваат на лагата,
12 та да бидат осудени сите, кои не и поверуваа на вистината, а имаа задоволство во неправедноста.
13 А ние сме должни секогаш да Му благодариме на Бог за вас, браќа, мили на Господ, зашто Бог ве избра за спасение уште од почетокот, преку осветувањето на Духот и вера во вистината.
14 И затоа ве повика преку нашето Евангелие, за да ја добиете славата на нашиот Господ Исус Христос.
15 Затоа, браќа, стојте цврсто и држете ги преданијата што ги научивте од нас, било преку слово или преку наше послание.
16 А Самиот наш Господ Исус Христос и Бог, нашиот Татко, Кој нè засака и ни даде вечна утеха и добра надеж преку благодатта
17 нека ги утеши вашите срца и нека ве утврди во секое добро дело и слово!