1 Солунјани. Chapter 5

1 Ајде сега, вие богатите, плачете и лелекајте за неволите што идат на вас.
2 Bашето богатство изгни и молците ја изедоа вашата облека.
3 Bашето злато и сребро 'рѓосаа, а нивната 'рѓа ќе биде сведоштво против вас и како оган ќе ги голтне вашите тела. Bашето богатство го натрупавте во последните денови.
4 Ете, заработката на работниците кои ги ожнаа вашите ниви, што вие им ја задржавте, и викотниците на жетварите дојдоа до ушите на Господ над Bојските.
5 На земјата живеевте раскошно и разуздано; ги згоивте своите срца како за ден на клање.
6 Го осудивте, го убивте праведникот, а тој не ви се противи.
7 И така, имајте трпение, браќа, до Господовото доаѓање! Ете, земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата, чека трпеливо додека не ги добие раните и доцните дождови.
8 Чекајте трпеливо и вие, зацврстете ги своите срца, зашто близу е Господовото доаѓање.
9 Не роптајте, браќа, еден против друг, за да не бидете осудени; ете, Судијата стои пред врата.
10 Како пример за страдањата и долгата трпеливост земете ги, браќа, пророците кои зборуваа во Господовото име.
11 Ете, блажени ги нарекуваме оние кои истрајаа. Чувте за трпението на Јоб, и видовте како Господ го заврши тоа; зашто Господ е полн со милост и сочувство.
12 А пред сè, браќа мои, не заколнувајте се ни во небото, ни во земјата, ниту со некаква друга заклетва! Туку вашето 'да', да биде 'да', а вашето 'не' - 'не', за да не паднете под осуда.
13 Страда ли некој меѓу вас, нека се моли. Bесел ли е некој, нека пее псалми.
14 Боледува ли некој меѓу вас? Нека ги повика старешините на црквата, тие нека се помолат над него и нека го помазат со миро во името на Господа,
15 а молитвата со вера, ќе го исцели болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени.
16 И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила.
17 Илија беше човек ист како и ние, и искрено се помоли да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци.
18 И пак се помоли, па небото истури дожд и земјата го даде својот плод.
19 Браќа мои, ако некој меѓу вас скршне од вистината и ако некој го врати,
20 нека знае дека оној кој ќе врати грешник од неговиот погрешен пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие многу гревови.