1 Летописи. Chapter 22
1 И рече Давид: 'Еве го домот на Господа Бога, еве го и жртвеникот за сепаленици на Израилот.'
2 Па заповеда Давид да ги соберат придојдените, што беа во земјата Израилска и одреди каменоделци да делкаат камења за изградба на дом Божји.
3 Давид подготви уште многу железо за шајки по крилата на вратите и за куки, и многу бакар - без мерка,
4 и кедрово дрво без број, зашто Сидонците и Тирците му доставија на Давида многу кедрово дрво.
5 И рече Давид: 'Синот мој Соломон е млад и слаб, а домот, што ке се гради за Господа, треба да биде многу величествен, за слава и за приказ по сите земји; затоа јас ке му приготвам се што треба за него. И приготви Давид до смртта своја многу.
6 И го повика синот свој Соломон и му заповеда да изгради дом на Господа, Бога Израилев.
7 И му рече Давид на Соломона: 'Сине, имав на срце да изградам дом на името на мојот Господ, Бог,
8 но би кон мене словото Господово и ми се рече: 'Ти си пролеал многу крв и си водел големи војни; ти не бива да градиш дом на името Мое, зашто си пролеал многу крв на земјата пред лицето Мое.
9 Еве, ке ти се роди син: тој ке биде мирен човек; ке му дадам спокојство од сите околни напријатели, затоа името негово ке биде Соломон. Во неговите дни ке му дадам на Израилот мир и спокојство.
10 Тој ке изгради дом на името Мое и ке ми биде син, а Јас нему - татко, и така ке го зацврсти престолот на царството негово над Израилот довека.
11 А сега, сине, Господ нека биде со тебе, та да имаш благослов и да Му изградиш дом на Господа, твојот Бог, според тоа како што Он рече за тебе.
12 Да ти даде Господ мудрост и разум и да те постави над Израилот; и запази го законот на Господа, твојот Бог!
13 Така ке имаш успех, кога ке земеш да ги извршуваш наредбите и законите, што Господ му ги заповеда на Мојсеја за Израилот. Биде цврст и храбар, не плаши се и не па ај со духот!
14 И еве, јас при скудноста своја приготвив за домот Господов сто иљади таланти злато, иљада таланти сребро, а бакарот и железото мерка немаат, зашто се во големи количин; дрва и камења исто така подготвив, а ти придодај уште кон тоа.
15 Имаш многу работници, и каменоделци, и резбари, и дрводелци, и вешти лу е за секаква работа.
16 Злато, сребро, бакар и железо - без број; продолжи и работи; Господ ке биде со тебе.'
17 И им заповеда Давид на сите кнезови израилски да му помагаат на синот негов Соломона:
18 'Зар не е со вас Господ, Бог наш, Кој ви даде спокојство од секаде? Оти Он ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата се покори пред Господа и пред Неговиот народ.
19 И така, расположете го срцето свое и душата своја, за да Го побарате Господа, вашиот Бог. Станете и изградете светилиште на Господа Бога, за да го пренесете ковчегот на заветот Господов и свештените садови Божји во домот, што ке се гради на името Господово!'