1 Летописи. Chapter 23
1 Кога остаре и се засити од животот, Давид го постави за цар над Израилот синот свој Соломона.
2 И ги собра сите кнезови израилски, свештениците и левитите;
3 а левитите од триесет години и нагоре беа преброени: бројот нивни, на сите до еден, беше триесет и осум иљади души.
4 Од нив беа определени за работа во домот Господов дваесет и четири иљади, писари и судии - шест иљади,
5 четири иљади вратари и четири иљади, оние што ке Го слават Господа со свирки, направени од Давида за прославување на Господа.
6 И ги раздели Давид на смени според Левиевите синови - Гирсона, Ката и Мерарија.
7 Од Гирсоновите беа: Ладан и Семеј.
8 Синови Ладанови: прв Јеил, Зетам и Јоил - тројца.
9 Синови Семееви: Саломит, Азиил и Арам - тројца. Тие беа Ладанови родовски старешини.
10 А и уште синовите Семееви: Јет, Зизај, Јоас, Верија. Тоа беа синови Семееви - четворица.
11 Јед беше главен, Зизај втор; Јоас и Верија имаа малку деца, затоа беа приброени со татковиот дом.
12 Синовиет Катови: Амврам, Исар, Хеврон и Озил - четворица.
13 Синовите Амврамови: Арон и Мојсеј. Арон беше определен да биде посветен при Свјатаја Свајтих довека, тој и синовите негови, за да кадат пред лицето на Господа, да Му служат и да го благословуваат Неговото име довека.
14 А Мојсеј, човек Божји, и синовите негови беа придодадени кон Левиевото племе.
15 Синови Мојсееви: Гирсон и Елиезер.
16 Синови Гирсонови: прв беше Суваил.
17 Синови Елиезерови беа: прв Равија. Други синови Елиезер немаше; а Равија имаше многу синови.
18 Синови Исахарови: прв Салумот.
19 Синови Хевронови: прв Јериав, втор Амарија, трет Јазиил и четврти Језекија.
20 Синови Озиилови: прв Миха и втор Јесија.
21 Синови Мерариеви: Моли и Муси. Синови Молиеви: Елеазар и Кис.
22 Елеазар умре и немаше синови, туку само керки; и се оженија со нив синови Кисови, нивни братучеди.
23 Синови Мусиеви: Моли, Едер и Јаримот - тројца.
24 Тоа беа синовите Левиеви според домовите на татковците нивни, глави на домовите, што беа преброени поименично, сите до еден, а кои ги вршеа службите во домот Господов, од дваесет години нагоре.
25 Зашто Давид рече: 'Господ, Бог Израилев, му даде мир на својот народ и го насели во Ерусалим засекогаш,
26 та левитите нема да имаат потреба да ја носат скинијата и секакви нејзини предмети за служење во неа.'
27 Затоа, според последните Давидови заповеди, беа преброени левитите од дваесет години и нагоре,
28 за да бидата при синовите Аронови, да служат во домот Господов, во дворот и во тремовите, да пазат на чистота во целото светилиште и да вршат секоја служба во Божјиот дом;
29 да ги надгледуваат лебовите на предложението, пченично брашно за лебен принос, пресни пити, се печено и пржено и над сите мерки и тежини;
30 да почнуваат секое утро да благодарат и да Го славословат Господа, како и навечер,
31 при сите сепаленици, принесувани на Господа во саботни дни, во новомесечијата и во празниците според бројот, како што е заповедано за нив, - постојано пред лицето на Господа, -
32 и да ја пазат скинијата на сведоштвото, светилиштето и синовите Аронови нивни брака, при службите во домот Господов.