1 Летописи. Chapter 27

1 Еве ги синовите Израилеви според нивниот број, начланици на родовите, иљадниците, стотниците и управителите, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доа ајки и заминувајки секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири иљади.
2 Над првото одделиние, за првиот месец, началник беше Извоаз, син Завидиилов; во одделението негово имаше дваесет и четири иљади;
3 тој беше од Фаресовите синови и началник над сите војводи во првиот месец.
4 Над одделинието за вториот месец беше Додај, Екхотецот; во одделението негово беше и кнезот Макелот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади.
5 Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодаја; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири иљади;
6 тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделиние се нао аше синот негов Завад.
7 Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавав брат, и по него синот негов Завадија; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади.
8 Петтиот, за петтиот месец, беше кнезот Самаот, син Језраев; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади.
9 Шести, за шестиот месец, беше Одуј, Екисов син, Текуец; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади.
10 Седми за седмиот месец, беше Хелис, Фалусјанин, од Ефремовите синови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири иљади.
11 Осми, за осмиот месец, беше Совохај, Усатитјанин од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади.
12 Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Венијаминови; и во неговото одделиние имаше дваесет и четири иљади.
13 Десетти, за десеттиот месец, беше Махрај, Нетофатец, од Зараевиот род; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади.
14 Единаесетти, за единаесеттиот месец, беше Ванеја, од Фаратон, од синовите Ефремови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади.
15 Дванаесетти, за дванаесеттиот месец, беше Холдиј, Нетофатец, од потомците Готониилови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири иљади.
16 А над Израилевите колена кнезови беа: во Рувимовото - Елиезер, син Зехриев; во Симеоновото - Сафатија, син Мехиев;
17 во Левиевото - Асавија, син Кемуилов; во Аронотвото - Садок;
18 во Јудиното - Елијав, од Давидовите брака; во Исахаровиот - Амри, Михаилов син;
19 во Завулоновото - Самаија, Авдиев син; во Нефталимовото Јеримот, Озиилов син;
20 во Ефремовото синови - Осиј, Азазиев син; на полуплемето Манасиево - Јоил, Фадеев син;
21 во полуплемето Манасиево во Галад - Јадај, Завадиев син; во Венијаминовото - Јасиил, Авениров син;
22 во Дановото - Азариил, Јорамов син. Тоа беа водачите на Израилевите племиња.
23 Давид не ги преброи оние ште беа од дваесет години и подолу, зашто Господ беше рекол, дека го умножи Израилот како sвездите небески.
24 Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израилот поради тоа пребројување, и тоа не влезе во летописите на царот Давида.
25 Над царските сокровишта беше Асмот, Одилиев син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите - Јонатан, Озиев син;
26 а над оние, што работеа полски работи, со земјоделие, беше Ездрај, Хелувов син;
27 над лозјата - Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата - Завдиј, син Сефамиев,
28 над маслините и смоквите во полињата - Геторјанинот Валанан, а над одделенијата со елеј - Јоас;
29 над крупниот добиток, што пасеше во Сарон - Саронецот Страј, а над добитокот во долините - Адаиновиот син Софат;
30 над камилите - Исмаилецот Увиј; над ослите - Маротонецот Јадија;
31 над ситниот добиток - Агаритецот Јоас. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;
32 Јонатан, Давидовиот стрико, беше советник, човек умен и писмен; и Јеил, Акаманиев син, беше при царските синови;
33 Ахитофал беше царев советник; а Хусија - царев пријател;
34 а по Ахитофела беа Јодај, син Ваниев, и Авијатар; Јоав, пак, беше прв царев војвода.