1 Летописи. Chapter 3
1 Синовите на Давида, што му се родија во Хеврон, беа: првенецот Амнон, од Ахиноама, Израилка; вториот - Далуија, од Авигеја, Кармилка;
2 третиот - Авесалом, син од Маха, керка на гесурскиот цар Толомија; четвртиот - Адониј, син на Агита;
3 петтиот - Сафатија, од Авитала; шестиот - Јетрам, од жена му Аглаја, -
4 шестина што му се родија в Хеврон; тој царуваше таму седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим.
5 Овие, пак, му се родија во Ерусалим: Сима, Совав, Натан и Соломон - четворица од Вирсавија, керката Амиилова;
6 Евар, Елисама, Елифалет.
7 Нагис, Нефек, Јафиј,
8 Елисам, Елијадак и Елифелет - деветмина.
9 Тоа се сите синови Давидови, освен синовите од наложниците. Сестра им беше Тамара.
10 Соломонов син беше Ровоам, негов син - Авија, негов син - Аса, негов син Јосафат,
11 негов син Јорам, негов син Охозија, негов син - Јоас,
12 негов син Амасија, негов син - Азарија, негов син - Јотам,
13 негов син Ахаз, негов син - Езекија, негов син Манасија,
14 негов син - Амон, негов син - Јосија.
15 Синови Јосиеви: првенецот Јоахаз, вториот - Јоаким, третиот - Седекија, четвртиот - Селум.
16 Синови Јоакимови: Јехонија, син негов; Седекија, негов син.
17 Синови Јахониеви: Асир, Салатиил, негов син;
18 Мелхирам, Фадија, Анесар, Језекија, Осамон и Савдадија.
19 Синови Салатаилови: Зоровавел и Семеј. А синови на Зоровавела: Мосолам, и Ананија, и сестрата нивна Салимина
20 и уште петмина: Асувеј, Оел, Варахија, Асадија и Асавед.
21 Синови Ананиеви: Фалтијас и Јесија; негов син Рафал, негов син Орна, негов син Авдија, негов син Сахенија.
22 Син Сехениев: Самеа, синови Самниеви: Хатус, Јоил, Верија, Ноадија и Саф - шестмина.
23 Синови Ноадиеви: Елионеј, Езекија и Езрикам - тројца.
24 Синови Елионееви: Уадија, Елиасевон, Фадаија. Акаум, Јонан, Далеја и Анан - седмина.