1 Летописи. Chapter 13

1 Давид се советуваше со иљадниците, стотниците и со сите војводи,
2 и му кажаа на целото собрание израилско: ако ви е угодно, и ако благослови Господ, Бог наш, да испратиме до другите наши брака насекаде по целата Израилска земја, а исто така и до свештениците и левитите во градовите и селата нивни, за да се соберат при нас,
3 и да го пренесеме Ковчегот на нашиот Бог при нас, зашто во Сауловите дни не се обрнувавме кон него.'
4 И целото собрание рече: 'Така нека биде!' зашто тоа му се виде праведно на целиот народ.
5 Така Давид ги собра сите Израилци, од Сихор Египетски до влезот во Емат, за да го пренесат Ковчетот Божји од Киријат-Јарим.
6 И отиде Давид и сиот Израил во Кириат-Јарим, што е во Јудеја, за да го пренесат оттаму Ковчегот на Бога, Господа, Кој седи на херувими, врз кого се повикува Неговото име.
7 И го повезоа Ковчегот на нова кола од домот Аминадавов, а Оз и браката негови ја водеа колата.
8 Давид, пак, и сите Израилци свиреа со сета сила пред Бога, со пеење на гусли, псалтири, тимпани и труби.
9 Кога стигнаа до Хидоновото гумно, Оз посегна со раката да го придржи Ковчегот, бидејки воловите го беа настраниле.
10 Но Господ се разгневи на Оза и го порази поради тоа што посегна со рака кон Ковчегот, и тој умре на самото место пред Божјото лице.
11 Давид се нажали затоа што Господ го порази Оза. И го нарече тоа место Озов пораз; така се нарекува и до ден денешен.
12 И во тој ден Давид се уплаши од Бога и рече: 'Како ке го внесам при себеси Ковчегот Божји?'
13 И не го пренесе Давид Ковчегот при себеси во Давидовиот град, туку го сврте кон куката на Гетецот Аведар.
14 И стоеше Ковчегот Божји кај Аведара во куката негова три месеци, и Господ го благослови Аведаровиот дом и се што имаше.