1 Летописи. Chapter 10
1 Филистејците војуваа против Израилот, и Израилците бегаа од Филистејците и па аа поразени на гората Гелвуја.
2 Филистејците го гонеа Саула и синовите негови и ги убија Јонатана, Аминадава и Мелихисуа, синови Саулови.
3 Битката против Саула се засили, и стрелците се нафрлија врз него, така што тој беше изнаранет од стрелците.
4 Саул му рече на својот оружјеносец: 'Извади го мечот свој и уби ме со него, за да не дојдат тие необразани и да се подбиваат со мене.' Но оружјеносецот не се осмелуваше, зашто многу се беше уплашил. Тогаш Саул го зеде мечот свој и падна врз него.
5 Оружјеносецот негов, кога виде, дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре.
6 Загина Саул и тројцата синови негови, и целиот дом негов загина заедно со него.
7 Кога Израилците, што беа во долината, видоа, деака сите бегаат и дека Саул и синовите негови се убиени, ги напуштија градовите свои и се разбегаа; а Филистејците дојдоа и се населија во нив.
8 На другиот ден Филистејците дојдоа да ги соберат убиените и го најдоа Саула и синовите негови, паднати на Гелвујската гора.
9 Го соблекоа Саула и му ја зедоа главата и оружјето, и испратија по земјата Филистејска да разгласат за тоа пред своите идоли и пред народот.
10 Оружјето негово го ставија во идолското светилиште пред своите богови, а главата негова ја наденаа во домот на Дагона.
11 И целиот Јавис Галадски чу се, што беа извршиле Филистејците со Саула.
12 Потоа станаа сите силни мажи, го зедоа телото Саулово и телата на синовите негови и ги однесоа во Јавис; тие ги закопаа коските нивни под дабот во Јавис и постеа седум дена.
13 Така умре Саул поради своето беззаконие, што го направи пред Господа, затоа што не ги запази зборовите Господови и се допрашуваше до вражачите,
14 а не Го побара Господа. Затоа Он и го погуби и царството негово и го предаде на Давида, Јесеевиот син.