1 Летописи. Chapter 19

1 Потоа умре Нас, цар амонитски, и место него стана цар синот негов.
2 Тогаш Давид рече: 'Kе покажам милост кон Анона, Насовиот син, заради доброто, што ми го направи таткото негов.' И Давид испрати пратеници да го утешат за татка му. Давидовите слуги дојдоа во земјата Амонитска при Анона, за да го утешат.
3 Но амонитските кнезови му рекоа на Анона; 'Зар мислиш, дека поради почит кон татка ти Дави испрати при тебе утешители? Зар слугите негови не дошле при тебе за да разузнаат и да ја разгледаат земјата, та да ја завладеат?'
4 Тогаш Анон ги фати слугите Давидови и ги избричи и им ја потсече облеката до половина, до крстот, и ги испрати.
5 И тие си отидоа. Кога му соопштија на Давида за тие лу е, тој испрати да ги пречекаат, бидејки беа необично многу обезличени, за да им кажат од царот: 'Останете во Јерихон, додека да ви пораснат брадите, тогаш вратете се!'
6 Кога Амонитите видоа, дека му станале омразни на Давида, тогаш Анон и Амонитите испратија иљада таланти сребро, за да најмат коли и коњаници од Сирија Месопотамиска, од Сирија Махова и од Сува.
7 И најмија триесет и две иљади коли и царот Маха со народот негов, кои дојдоа и се улогорија спроти Медева. Се собраа и Амонитите од градовите свои и излегоа на војна.
8 Кога Давид чу за тоа, го испрати Јоава со сета војска - јунаци.
9 Амонитите излегоа и се наредија за борба пред градските порти, а царевите, што беа дошле, - одделно во полето.
10 Јоав, откако виде, дека му претстои борба однапред и одзади, ги одбра сите избрани војници во Израилот и ги нареди спроти Сиријците.
11 А другиот дел од народот му го довери на братот свој Авеса, за да се распореди спроти Амонитите.
12 И тогаш рече: 'Ако Сиријците почнат да ме надвиваат, ке ми помогнеш ти; ако, пак, Амонитите почнат да те надвиваат тебе, јас ке ти помогнам.
13 Биди храбар, и да стоиме цврсто за нашиот народ и за градовите на нашиот Бог, и Господ нека направи, како што Му е угодно.'
14 И влезе Јоав и лу ето, што беа со него, во борба со Сиријците, и тие избегаа од него.
15 Амонитите, пак, штом видоа, дека Сиријците бегаат, избегаа и тие од братот негов Авеса, и навлегоа во градот. Тогаш Јоав си отиде во Ерусалим.
16 Сиријците, откако видоа, дека се победени од Израилците испратија пратеници и ги изведоа Сиријците, што беа од онаа страна на реката; ги предводеше Софак, воен првоначалник Адраазаров.
17 Кога му соопштија за тоа на Давида, тој ги собра сите Израилци, го преминаа Јордан и, откако дојде кај нив, се распореди спроти нив. И влезе Давид во борба со Сиријците, и тие се судрија со него.
18 И Сиријците избегаа од Израилците, и Давид им уништи седум иљади коли на Сиријците, и четириесет иљади пешаци, а воениот првоначланик Софака го уби.
19 Кога видоа лу ето Адраазарови, дека Израилците ги поразија, со Давида склучија мир и му се потчинија. И Сирјиците не сакаа повеке да им помагаат на Амонитите.