1 Летописи. Chapter 4
1 Синови Јудини: Фарес, Есром, Хармиј, Ор и Совал.
2 Рада, Совалов син, го роди Јета; Јет го роди Ахимеја и Лада; од нив се родовите на Аратинците.
3 А тие се синови Етанови: Језраил, Јесман, Јевдан, и сестрата нивна, по име Есијадесфон.
4 Фануил, тако на Гедора, и Езер, татко на Осана. Тоа се синовите на Ора, првенец Ефратов, татко Витлеамов.
5 Асор, таткото на Текоа, имаше две жени: Хала и Мара.
6 Мара му ги роди Ахаза и Адера, Темана и Астира, тоа се синовите од Мара.
7 Синови од Хала: Серет, Саар, и Естанам.
8 Кос го роди: Енова и Совива и родовите на Рихава, Јаримов син.
9 Јавис беше попрочуен од своите брака. Мајка му го нарече Јавис, велејки: го родив со болки.
10 И повика Јавис кон Бога Израилев, велејки: 'О, да ме благословеше со Твоето благословие, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!' И Бог му го даде она за што молеше.
11 А Хелув, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ешона.
12 Асатон го роди Сатрафа, Сефија и Тана, татко на градот Нас, брат на Селома Кенезеецот и на Ахава; тоа се жителите на Рихавави.
13 Синови Кенезеови: Готонил и Сараја, син Готонилов: Атат.
14 Манатај го роди Гофора, а Сараја го роди Јорама, таткото на оние што живееја во долината на дрводелците, зашто беа дрводелци.
15 Синови на Халева, Јефонин син: Ир, Ила и Нам. Син на Ила: Кенез.
16 Синови на Амелима: Зиф, Зефа, Тирија и Есерил.
17 Синови Езрови: Јетер, Морад, Авфер и Јамон; Јетер, пак, го роди Марона, Семеја и Јесевоја, таткото на Гедар, таткото на Естамона.
18 А жена му Адија го роди Јареда, Гедоров татко, и Авера, татко на Сохо, и Ехитла, татко на Занона. Тоа беа синови на фараоновата керка Ветија, што ја беше зел Морил.
19 Синови на жена му Одија, сестна Новамова, татко Келиов: Гармиј и Еседемон од Махата.
20 Синови Симеонови: Амнон, Рамнон, син Ананов и Тимнонов. Синови Ишиеви: Зохев и Бензохет.
21 Синови на Силома, син Јудин: Ир, татко на Леха и Лаеда, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Ашбеевиот дом,
22 и Јоким, и жителите на Хозева, и Јоаш, и Сараф, коишто имаа владение во Моав, и Јашувилехем; но тоа се дамнешни работи.
23 Тие беа грнчари, живеејки и во градините и овшните градини; живееја таму при царот, за да му работат.
24 Синови Симеонови: Немуил, Ламин, Јарив, Зерах и Саул.
25 Негов син Шалум; негов син Мивсам; негов син Мишма.
26 Синовите на Мишма: Хамуил, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Семеј.
27 Семеј имаше шеснаесет синови и шест керки, но браката негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини.
28 Тие живееја во Вирсавија, во Савата, во Монада и во Есерсуал,
29 во Валај, во Асем, во Толад,
30 во Ватуил, во Ерма, во Сикел,
31 во Вертшаринот, во Имисусес и домот Варусеорим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давида,
32 со селата нивни: Етам, Аин, Рамнон, Токан и Есар, - пет градови,
33 и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија.
34 А Месовав, Јамлех и Јосија, син на Амасија,
35 Јоил и Јеху, син на Јошива, син на Сераија, син Асиилов,
36 Елиоенај, Јакова, Ишохаија, Асаија, Адиил, Ишимиил и Ванеја,
37 и Зиза, син на Сафеја, син на Алона, син на Једаија, син на Шимрија, син Шемаиев, -
38 сите овие споменати беа кнезови над своите родови, и домот на татковците нивни се расколни многу.
39 Тие одеа до Герара и до источната страна на долината, за да најдат пасишта за стадата свои;
40 и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано во нив живееја малкумина од Хамовците.
41 Па појдоа тие, запишани поименично, во дните на јудејскиот цар Езекија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се нао аа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни.
42 А од нив, од Симеоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сир; кнезови им беа: Фалтија, Ноадија, Рафаија и Озиил, синови Јесови,
43 и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.