1 Самуил. Chapter 22
1 И Давид отиде оттаму и избега во Адоламската пештера, а кога слушнаа браката негови и сиот татков дом негов, дојдоа таму при него.
2 Се собраа при него сите подјармени, сите должници и сите душтевно огорчени, и тој им стана началник; и со него беа околу четиристотини души.
3 Оттаму Давид отиде во Масифа Моавска и му рече на моавскиот цар: 'Татко ми и мајка ми нака останат при вас, додека разберам што ке направи Бог со мене.'
4 И ги доведе при моавскиот цар, и тие живееја при него за сето време додека Давид беше во она прибежиште.
5 Но пророкот Гад му рече на Давида: 'Не останувај во ова прибежиште, туку оди, оди во земјата Јудина.' И Давид замина и отиде во гората Херет.
6 Саул чу, дека Давид се појавил со лу ето, што беа со него. Саул тогаш седеше во Гива, под дабот на ридот во Рама, со копје во раката, и опколен од сите свои слуги.
7 И им рече Саул на слугите свои, што беа околу него: 'Чујте, Венијаминови синови! Зар Јесеевиот син ке ви даде на сите вас ниви и лозја и сите вас ке ве постави за иљаданачалници и стотници,
8 та сите сте се здоговориле против мене, и никој не ми јави, кога синот ми се спријателил со синот Јесеев, и никој од вас не ме пожали и не ми соопшти, дека син ми го поттикнал против мене мојот слуга да ми кове стапици, како што се гледа сега?'
9 Идумеецот Доик, кој стоеше со Сауловите слуги, одговори и рече: 'Јас видов, кога Јесеевиот син доа аше во Номва при Авимелеха, синот на Ахитува,
10 и тој го праша за него Господа, му даде храна, му го даде и мечот на филистеецот Голијат.'
11 Тогаш испрати царот да го повикаат свештеникот Авимелех, синот Ахитувов, и целиот татков дом негов, свештениците, што беа во Номва. И сите тие дојдоа при царот.
12 Саул рече: 'Чух, сине Ахитувов!' Тој одговори: 'Еве, ме господару.'
13 А Саул го запраша: 'Зошто сте се договориле против мене, ти и Јесеевиот син, та си дал лебови и меч и си го прашал Бога за него, за да востане против мене и да ми поставува стапици, како што се гледа сега?'
14 Авимелех му одговори на царот и рече: 'Кој од сите твои робови е толку верен како Давид? Тој е и царев зет, и исполнител на твоите заповеди, и почитуван во домот твој?
15 Сега за првпат ли го прашувам Бога за него? Но не обвинувај го во тоа, цару, слугата свој и целиот мој татков дом, зашто во целата таа работа твојот слуга не знае ништо, ниту мало, ниту големо.'
16 Но царот му рече: 'Авимелех, ти треба да умреш, ти и целиот твој татков дом.'
17 И царот им рече на телохранителите што стоеја при него: 'Одете, убијте ги свештениците Господови, зашто и нивната рака е со Давида, и тие знаеја, дека тој избегал, а не ни јавија.' Но царските слуги не сакаа да кренат раце, за да ги убијат свештениците Господови.
18 Тогаш царот му рече на Доика: 'Оди ти и убиј ги свештениците!' И Доик Идумеецот отиде, ги нападна свештениците и во тој ден уби осумдесет и пет мажи, што носеа ленен ефод;
19 го порази со меч и Номва, свештеничкиот град; уби со меч мажи и жени, момчиња и девојчиња, волови, осли и овци.
20 Се спаси само еден од синовите на Авимелеха, Ахитувовиот син, по име Авијатар, и избега при Давида.
21 Авијатар му раскажа на Давида, дека Саул ги уби свештениците Господови.
22 А Давид му рече на Авијатара: 'Јас знаев оној ден, кога таму беше Идумеецот Доик, дека тој бездруго ке му јави на Саула; јас сум виновен за сите души од татковиот дом твој.
23 Остани при мене, не плаши се, зашто како што ја бара душата моја, ке ја бара и твојата душа; ти ке бидеш кај мене по заштита.'