1 Самуил. Chapter 23
1 Го известија Давида и рекоа: 'Ете Филистејците го нападнаа Кеил и ги разграбуваа гумната.'
2 А Давид го запраша Господа, велејки: да одам ли и да ги поразам ли тие Филистејци?' И Господ му одговори на Давида: 'Оди, ти ке ги поразиш Филистејците и ке го спасиш Кеил.'
3 Но оние што беа со Давида, му рекоа: 'Ете, ние се плашиме тука во Јудеја, па како ке одиме во Кеил против филистејските групи? Ние ке паднеме во ропство кај Филистејците.'
4 Тогаш Давид пак Го запраша Господа, а Господ му одговори и рече: 'Стани и оди во Кеил, зашто Јас ке ги предадам Филистејците во твои раце.'
5 И Давид отиде со лу ето свои во Кеил, се биеше со Филистејците, го отепа нивниот добиток и им нанесе голем пораз, и Давид ги спаси жителите на Кеил.
6 Кога Авијатар, Авимелеховиот син, избега при Давида и отиде со него во Кеил, тој беше донел со себеси и ефод.
7 Му јавија на Саула, дека Давид дошол во Кеил, и Саул рече: 'Бог го предаде во рацете мои, зашто тој се затвори, влегувајки во град кој има порти и резиња.'
8 И го свика Саул целиот народ во војна, за да отиде против Кеил, да го опколи Давида и лу ето негови.
9 Кога Давид дозна, дека Саул намислил лошо против него, му рече на свештеникот Авијатар: 'Донеси го ефодот Господов.'
10 Тогаш Давид рече: 'Господи, Боже Израилев! Твојот слуга чу, дека Саул сака да дојде во Кеил, и да го уништи градот поради мене.
11 Kе ме прададат ли Кеилците во рацете нигови? И ке дојде ли тука Саул, како што чу твојот слуга? Господи, Боже Израилев, јави му на слугата свој.' И рече Господ: 'Kе дојде.'
12 Давид пак праша: 'Kе ме предадат ли Кеилците мене и моите лу е во Сауловите раце?' И Господ му рече: 'Kе ве предадат.'
13 Тогаш стана Давид и лу ето негови, околу шестотини души, излегоа од Кеил и отидоа, каде што можеа. А на Сула му јавија, дека Давид избегал од Кеил, и тогаш тој го измени походот.
14 А Давид престојуваше во пустињата во непристапни места и потоа на планината во пустињата Зиф. Саул го бараше секој ден; но Бог не го предаде Давида во рацете негови.
15 И Давид виде, дека Сул излегол да ја бара душата негова; Давид тогаш беше во пустињата Зиф во гората.
16 И Сауловиот син Јонатан стана, дојде кај Давида во гората и го поткрепи со надежта на Бога,
17 и му рече: 'Не плаши се, зашто раката на татко ми Саула нема да те најде, и ти ке царуваш над Израилот, јас, пак, ке бидам втор по тебе; и Саул, татко ми, го знае тоа.'
18 Тогаш склучија ме у себе завет пред лицето на Господа; и Давид остана во гората, а Јонатан отиде во домот свој.
19 И дојдоа Зифејци при Саула во Гива и рекоа: 'Ете, Давид се крие при нас по недостапни места, во планината, на ридот Ехелат, десно од Јесимон.
20 Затоа, ако сака душата твоја, цару, дојди; а наша работа ке биде да го предадеме во рацете на царот.'
21 И рече Саул: 'Да ве благослови Господ, што сте ме пожалиле;
22 одете, уверете се уште, испитајте и разгледајте го местото негово, каде што е ногата негова, и кој го виде таму, бидејки ми велат, оти е многу итар;
23 разгледајте и испитајте за сите прибежишта, во кои се крие тој, и вратете се кај мене со точно известие; тогаш јас ке отидам со вас; и ако е во таа земја, ке го барам по сите Јудини војводства.'
24 И станаа и отидоа во Зиф пред Саула. А Давид и лу ето негови беа во пустињата Маон, во рамнината, десно од Есимон.
25 Потоа отиде Саул со своите лу е да го бара. Но му јавија на Давида за тоа, и тој слезе при карпата и остануваше во пустињата Маон. Саул чи и се пушти по Давида во пустињата Маон.
26 Саул одеше на едната страна од планината, а Давид со лу ето свои беше од другата страна на планината. И кога Давид брзаше да се оддалечи од Саула, а Саул со лу ето свои одеше да го заобиколи Давида и лу ето негови, за да ги фати,
27 тогаш дојде при Саула известувач и рече: 'Побрзај и дојди, бидејки Филстејците ја нападнаа земјата.'
28 И се врати Саул од гонењето на Давида и отиде против Филистејците; затоа и го нарекоа тоа место: Села - Хамаклекот (камен на разделба).