1 Самуил. Chapter 26

1 При Саула во Гива дојдоа зифејци од југ и рекоа: 'Ете, Давид се крие кај нас на ридот Ехелат, десно од Јесимон.'
2 Тогаш Саул стана, се спушти во пустињата Зиф, и со него три иљади одбрани мажи израилски, за да го бара Давида во пустињата Зиф.
3 И Саул се улогори на ридот Ехелат, десно од Јесимон, до патот; а Давид, кој се нао аше во пустињата, виде, дека Саул оди по него во пустињата;
4 и Давид испрати разузнувачи и дозна, дека Саул навистина дошол од Кеил.
5 И стана Давид и тајно отиде на местото, каде што Саул се беше улогорил, го виде Давид местото, каде што спиеше Саул и веононачалникот негов Авенир, синот Ниров. Саул спиеше во шаторот, а народот се беше сместио околу него.
6 Давид се обрна и им рече на Хетеецот Авимелех и на Авеса, синот на Саруја, Јоавов брат, велејки: 'Кој ке дојде со мене кај Саула во шаторот?' Авеса одговори: 'Јас ке дојдам со тебе.'
7 Давид дојде со Авеса кај лу ето Саулови ноке; и ете, Саул лежи заспан во царската кола и копјето му е забодено во земјата при перницата негова; а Авенир и народот лежеа околу него.
8 Авеса му рече на Давида: 'Денес Господ го предаде твојот непријател во рацете твои; затоа дозволи, јас ке го приковам со копје за земјата со еден замав и нема да го повторам ударот.'
9 Но Давид му рече на Авеса: 'Не убивај го, зашто кој кренал рака врз помазаник Господов, а останал неказнет?'
10 Давид уште рече: 'Жив е Господ. Нека го порази Господ, или ке дојде денот негов, и тој ке умре, или ке отиде во војна и ке загине; а мене да не ми дава Гсопод да кренам рака врз помазаник Господов;
11 туку земи го копјето негово, што е при перницата негова, и садот со вода, па да си одиме.'
12 Давид го зеде копјето и садот со вода при зглавјето на Саула, и си отидоа; и никој не виде, никој не дозна и никој не се рабуди, а сите спиеја, бидејки ги беше обзел сон од Господа.
13 Премина Давид од онаа страна и застана на врвот од ридот далеку, а ме у нив имаше големо растојание.
14 И викна Давид кон народот и кон Авенира, синот Ниров, велејки: 'Авенире, јави се!' Авенир се јави и рече: 'Кој си ти, што викаш и го обеспокојуваш царот?'
15 Давид му рече на Авенира: 'Нели си маж, и кој е рамен на тебе во Израилот? Зошто тогаш не го чуваш господарот свој, царот? Зашто доа аше некој од народот да го убие царот, твојот господар.
16 Ти лошо правиш; жив да е Господ! Вие заслужувате смрт, поради тоа што не го чувате господарот свој, помазаникот Господов. Види, каде е копјето на царот и садот со вода, што беа при зглевјето негово?'
17 И Саул го позна гласот на Давида и рече: 'Твојот глас ли е тоа, сине мој Давиде?' И Давид рече: 'Мојот глас е, господару мој, царе.'
18 И рече уште: 'Поради што господарот мој го гони својот слуга? Што сум направил? Какво зло најде кај мене?
19 А сега мојот господар и цар нека ги ислуша зборовите на својот слуга: 'Ако Господ те поттикнал против мене, тоа нека биде од тебе жртва; благопријатен мирис; ако, пак, - синот човечки, тогаш проклети да се од Господа, бидејки тие сега ме изгонија, за да не припа ам кон наследството Господово; велејки: - оди и служи им на ту и богови.
20 Нека не се прилее мојата крв на земјата пред Господа, зашто царот Израилев излезе да бара една болва, како кога се брка еребица по планините.'
21 Тогаш Саул рече: 'Јас згрешив; врати се, сине мој Давиде, зашто нема повеке да ти правам зло, бидејки денес душата ми беше скапа во твоите очи; безумно постапував јас и многу, многу згрешив.'
22 Давид му одговори и рече: 'Еве го копјето на царот; нека дојде еден младич и нека го земе;
23 а Господ нека му даде секому според правдата Негова и според вистината Негова, зашто Господ го предаваше во рацете мои, но јас не посакав да кренам рака врз помазаникот Господов;
24 и, како што денес ти беше скапоцен животот твој во моите очи, така нека се цени и мојот живот во очите на Господа; Он нека ме заштитува и нека ме спаси од секаква невоља!'
25 А Саул му довикна на Давида: 'Благословен да си, сине мој Давиде; ти ке го извршиш она што си го започнал, и бездруго ке победиш.' И тогаш Давид отиде по својот пат, а Саул се врати во местото свое.