1 Самуил. Chapter 27
1 И Давид рече во срцето свое: 'Kе паднам некогаш во рацете на Саула; за мене ништо подобро, освен да избегам во Филистејската земја; и Саул ке престане да ме бара веке по сите израилски предели, и јас ке се спасам од рацете негови.'
2 Тогаш Давид стана и отиде, тој и шестотини мажи, кои беа со него, при гетскиот цар Анхус, син Моахов.
3 и Давид живееше при Анхуса во Гет, тој и лу ето негови, секој со челадта своја; Давид и двете жени негови - Израилката Ахиноама и кармелитката Авигеја, бивша Навалова жена.
4 Му јавија на Саула, дека Давид избегал во Гет, и тој веке не го бараше.
5 И Давид му рече на Анхуса: 'Ако сум се здобил со милост во очите твои, нека ми биде дадено место во еден мал град, и јас ке живеам таму; зашто твојот роб да живее во царскиот град заедно со тебе?'
6 Тогаш Анхус му го даде градот Секелаг; затоа Секелаг и остана за царевите јудејски до денес.
7 Сето време, што Давид го помина во Филистејската земја, беше година и четири месеци.
8 И Давид излегуваше со лу ето свои и ги напа аше Јесурците и Јерзејците и Амаликијците, кои одамна ја населуваа таа земја до Сур и дури до Египетската земја.
9 И Давид ја опустошуваше таа земја и не оставаше живи ни мажи, ни жени, и заграбуваше овци и волови, и осли и камили и облека и се вракаше и доа аше при Анхуса.
10 И Анхус го праша Давида: 'Каде нападнавте денес?' Давид одговори: 'Кон југ на Јудеја, кон југ на Јерахмеел и кон југ на Кенеја.'
11 Давид не оставаше живи ни мажи, ни жени, и не ги доведуваше во Гет, велејки: 'Тие можат да не наклеветат, и да кажат: тоа и тоа го направи Давид, и такви му се постапките за сето време, додека живееше во Филистејската земја.'
12 А Анхус му се довери на Давида, велејки си: 'Тој стана намразен од народот свој Израилот и си рече ке ми биде слуга засекогаш.'