1 Самуил. Chapter 21

1 Давид дојде во Номва при свештеникот Авимелех, и Авимелех се збуни, кога се сретна со Давида, па му рече: 'Зошто си сам? И зошто нема никој со тебе?'
2 Давид му рече на свештеникот Авимелех: 'Царот ми даде заповед, велејки: ‘Никој нека не знае, за што сум те испратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставам слугите свои на определено место;
3 а сега дај ми, што имаш при рака, пет леба, или што ке се најде.'
4 Свештеникот му одговори на Давида, рече: 'Немам при рака обичен леб, туку имам свештен леб; само, ако твоите лу е се воздржале од жени, нека јадат.'
5 Тогаш Давид му одговори на свештеникот и му рече: 'Жени при нас немаше ни вчера, ни завчера, откако сум излегол, и садовите на момчињата се чисти, а ако патот е нечист, тоа лебот ке остане чист во садовите.'
6 Свештеникот му даде од свештениот леб, бидејки немаше друг леб освен лебовите на предложението, што беа земени пред лицето на Господа, та по симнувањето нивно, да се стават топли лебови.
7 Тој ден таму се нао аше еден од слугите Саулови, по име Доик, Идумеец, началник на Сауловите овчари.
8 Давид му рече на Авимелеха: 'Немаш ли тука при рака копје или меч? Зошто јас не зедов со себе ниту меч, ниту друго оружје, бидејки пораката на царот беше набрзина.'
9 Свештеникот одговори: 'Ете го мечот на Филистеецот Голијат, кого го уби ти во дабовата долина, завиткан во платно, зад ефодот; ако сакаш, зами го: друг освен него тука нема.'
10 Давид стана и избега истиот ден од Саула, и дојде при гетскиот цар Анхус.
11 Му рекоа на Анхуса слугите негови: 'Овој ли е Давид, царот на онаа земја? Не ли му пееја нему лу ето, велејки: 'Саул порази иљади, а Давид - десетици иљади?'
12 Давид ги стави тие зборови во срцето свое и многу се плашеше од Анхуса, царот гетски.
13 Тогаш го измени лицето свое пред нив, и се преправи на безумен во очите нивни и удираше по вратите, се фрлаше на рацете свои и пушташе лиги по брадата своја.
14 Анхус им рече на робовите свои: 'Гледате, овој човек е луд; зошто сте го довеле при мене?
15 зар малку луди имам при себе, та сте го довеле да лудува пред мене? Зар тој ке влезе во куката моја?'