1 Самуил. Chapter 28
1 Во тоа време Филистејците ги собраа војските свои за војна, за да војуваат против Израилот. А Анхус му рече на Давида: 'Знај дека и ти ке тргнеш со мене во борба, ти и твоите лу е.'
2 Давид му рече на Анхуса: 'Сега ке дознаеш, што ке направи твојот слуга.' Анхус, пак му рече на Давида: 'Затоа ке те направам пазител на мојата глава засекогаш.'
3 Самуил беше умрел, и го оплакуваа сите Израилци и го погребаа во Рама, во неговиот град. А Саул ги беше изгонил ме епсниците и гатачите од земјата.
4 Се собраа Филстејците и отидоа, та се улогорија во Сонам; го собра и Саул сиот народ израилски и се улогорија во Гелвуја.
5 Саул го виде филистејскиот логор и се исплаши, и силно му затрепери срцето.
6 Тогаш Саул го запраша Господа; но Господ не му одговараше ни на сон ни преку урим, ни преку пророците.
7 И им рече Саул на слугите свои: 'Најдете ми жена ма епсница, и јас ке одам кај неа и ке ја прашам. И му одговорија неговите слуги: 'Тука во Аендор има жена ма епсница.'
8 И ги соблече Саул алиштата свои и облече други, и тргна тој и двајца лу е со него, и дојдоа кај жената ноке. И и рече Саул: 'Те молам, гледај ми, и извикај ми, кого што ке кажам.'
9 Но жената му одговори: 'Ти знаеш, што направи Саул, знаеш дека тој ги истера од земјата гатачите и гледачите; зошто тураш стапица на душата моја, за да ме погубиш?'
10 И Саул и се заколна во Господа, велејки: 'Жив ми Господ, нема да ти се случи ништо лошо за тоа.'
11 Тогаш жената праша: 'А кого да ти го извикам?' Тој одговори: 'Извикај ми го Самуила.'
12 И жената го виде Самуила и - високо извика; жената се обрна кон Саула и рече: 'Зошто ме излага? Ти си Саул.'
13 Царот и рече: 'Не плаши се; кажи што гледаш?' Жената одговори: 'Гледам како оа Господ излгува од земјата.'
14 'Каков е тој на изглед?' - праша Саул. Таа одговори: 'Излегува од земјата престар маж, облечен во долга облека.' Тогаш Саул дозна, дека е тоа Самуил, падна ничкум на земјата и се поклони.
15 И Самуил му рече на Саула: 'Зошто ме обеспокојуваш да излегувам?' А Саул одговори: 'Многу ми е тешко; Филистејците војуваат против мене, а Бог отстапи и повеке не ми одговара ни преку пророци, ни на сон, ни во видение; затоа те повикав, за да ме поучиш, што да правам.'
16 Самуил одговори: 'А зошто ме прашуваш мене, кога Господ отстапил од тебе и станал твој непријател?
17 Господ ке ти го направи тоа, што го говореше преку мене: ке го одземе Господ царството од рацете твои и ке му го даде на твојот близок, на Давида.
18 Бидејки ти не го послуша гласот Господов и не го исполни Неговиот јаросен гнев врз Амалика, Господ и го врши тоа сега над тебе.
19 Господ ке го предаде Израилот заедно со тебе во филистејски раце; утре ти и твоите синови ке бидете со мене, а логорот израилски Господ ке го предаде во филистејски раце.'
20 Тогаш Саул наеднаш падна со целото тело свое на земја, бидејки многу се исплаши од зборовите на Самуила; притоа и сила немаше во него, зашто не беше јадел леб целиот тој ден и цела нок.
21 Тогаш онаа жена се приближи до Саула и виде, дека тој многу се уплашил, и рече: 'Ете, слугинката твоја го послуша гласот твој, го изложи животот свој на опасност и ја изврши заповедта, што ти ми ја даде;
22 сега, молам, послушај го и ти гласот на слугинката твоја: јас ке ти изнесам залче леб, касни си, и ке имаш сила, кога ке тргнеш на пат.'
23 Но тој откажа, велејки: 'Нема да јадам.' И почнаа да го советуваа лу ето негови, а исто така и жената; и тој го послуша гласот нивни, стана од земјата и седна на леглото.
24 А жената имаше в куки згоено теле, и побрза та го закла, заде брашно, па замеси и испече погача,
25 и им принесе на Саула и на слугите негови, и тие каснаа, станаа и заминаа истата нок.