1 Самуил. Chapter 10

1 И зеде Самуил сад со елеј, го излеа врз главата негова, го бакна и рече: 'Еве, Господ те помаза за цар на Своето наследство во Израилот и ти ке царуваш над народот Господов и ке ги избавиш од рацете на околните непријатели нивни, и ете ти знак, дека Господ те помазал за цар на Своето наследство.
2 И, кога ке тргнеш сега од мене, ке сретнеш двајца лу е близу до Рахилиниот гроб, во Венијаминовите предели, во Силом, во Вакалат и тие со радост ке ти кажат: 'Се најдоа ослиците, што одеше да ги бараш, и ете, татко ти, заборавајки ги ослиците, се обеспокои за вас, велејки: ‘Што стана со синот мој?‘
3 Откако ке отидеш понатаму и ке дојдеш при Таворската дубрава, и таму ке те сретнат тројца лу е, кои одат кај Бога во Ветил: едниот носи три јариња, другиот носи три леба, а третиот носи мев со вино.
4 И тие ке те поздрават и ке ти ги дадат двата леба, и ти ке ги земеш од рацете нивни.
5 Потоа ке дојдеш на Божјиот рид, каде што е филистејската страна, таму се филистејските началници; и кога ке влезеш таму во градот, ке сретнеш група пророци, кои слегуваат од ридот, и пред нив псалтир и тимпани, свирки и гусли, и ке пророкуваат;
6 и Духот Господов ке слезе врз тебе, и ти ке пророкуваш заедно со нив и ке станеш друг човек.
7 Кога тој знак ке се случи со тебе, тогаш прави она што може раката твоја, зашто со тебе е Бог.
8 Оди пред мене во Галгал, каде што и јас ке дојдам при тебе, за да принесам жрва сепаленица и жртви за благодарност. Седум дена чекај, додека да дојдам кај тебе, и тогаш ке ти кажам што да правиш.'
9 И штом Саул се сврте, за да си оди од Самуила, Бог му даде друго срце, и сите оние знаци се збиднаа во истиот ден.
10 Кога дојде до ридот, ете кај ги сретнува друпа пророци, и Духот Божји слезе врз него, и тој пророкуваше ме у нив.
11 Сите, што го познаваа вчера и завчера, откако видоа, дека тој пророкува со пророците, си велеа еден на друг: 'Што се случило со Кисовиот син? Зар и Саул е ме у пророците?'
12 И еден од оние, што беа таму, одговори и рече: 'Па кој е нивниот татко?' Затоа излезе поговорка: ‘Зар и Саул е ме у пророците?‘
13 И тој престана да пророкува и отиде на ридот.
14 А Сауловиот чичко го праша него и слугата негов: 'Каде одевте?' Тој одговори: 'Па ги баравме ослиците, но, откако видовме, дека ги нема, навративме кај Самуила.'
15 И Сауловиот чичко рече: 'Раскажи ми, што ви рече Самуил.'
16 И Саул ми кажа на чичка си: 'Тој ни јави, дека ослиците се најдени.' А она, што Самуил му го кажа за царството, не му го кажа.
17 И Самуил го свика народот при Господа во Масифа,
18 и им рече на синовите Израилеви: 'Така говореше Господ, Бог Израилев: ‘Јас го изведов Израилот од Египет и ве спасив од рацете на Египтјаните, од рацете на сите царства, што ве притискаа.‘
19 А вие сега го отфрливте вашиот Бог, Кој ве спаси од сите ваши маки и таги, и Му рековте: -постави ни цар. И така, застанавте сега пред Гсопода според знамињата ваши и племињата свои и според иљадниците свои!'
20 И заповеда Самуил да минуваа сите племиња Израилеви, и со жреб беше посочено Венијаминовото племе.
21 И му заповеда на Венијаминовото племе да минува според домовите нивни, и беше посочено Матриевото племе; и го доведуваа Матриевото племе според мажите, и беше посочен Саул, Кисовиот син; и го бараа, но не го најдоа.
22 И пак го запрашаа Господа: 'Kе дојде ли тој човек тука?' И Господ одговори: 'Ете, тој се крие во покривките.'
23 Го најдоа таму и го извадија оттаму; тој застана среде народот: а од рамениците свои угоре беше повисок од сите.
24 И Самуил му рече на сиот народ: 'Гледате ли, кого го избра Господ? Како него нема ме у сиот народ.' Тогаш сиот народ извика и рече: 'Нека живее царот!'
25 И Самуил му ги изложи на народот правата на царството (царувањето), ги напиша во книга, и ја стави пред Господа. И го распушти сиот народ, секој во домот свој.
26 Исто така и Саул си отиде дома, во Гава; а со него отидоа и храбрите, до чие срце се беше допрел Бог.
27 А лошите лу е рекоа: 'Та тој ли ке не спаси?' И го презреа и не му принесоа дарови.