1 Самуил. Chapter 16

1 Му рече Господ на Самуила: 'До кога ке тагуваш по Саула, кого Јас го отфрлив, да не биде цар на Израилот? Наполни го рогот свој со елеј и оди; Јас ке те испратам кај витлеемецот Јесеј, зашто ме у неговите синови си согледав цар.'
2 Тогаш Самуил рече: 'Како да одам? Саул ке чуе и ке ме убие.' Господ рече: 'Потерај од стадото свое една јуничка и кажи: - дојдов да му принесам жртва на Господа;
3 покани го и Јесеја, и синовите негови, на жртвата; Јас ке ти кажам, што да правиш, и ти ке Ми го помажеш оној, кого ке ти го посочам.'
4 И Самуил направи, како што му кажа Господ. Кога дојде во Витлеем, старешините градски се уплашија и излегоа да го пресретнат и запрашаа: 'Со мир ли доа аш?'
5 Тој одговори: 'Со мир; дојдов да Му принесам жртва на Господа; осветете се и дојдете со мене на принесување жртва.' И го освети тој Јесеја и синовите негови и ги покани на жртвата.
6 И кога дојдоа тие, тој, штом го виде Елиава, рече: 'Секако овој е пред Господа помазаникот Негов!'
7 Но Господ му рече на Самуила: 'Не гледај на лицето негово и високиот негов раст; Јас го отфрлив. Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето.'
8 И го повика Јесеј Аминадава и го доведе кај Самуила, па рече Самуил: 'И овој Господ не го избрал.'
9 Јесеј го доведе Сама, и Самуил рече: 'И овој не е избран од Господа.'
10 Така Јесеј ги доведе при Самуила седумте синови свои, но Самуил му рече на Јесеја: 'Ни еден од нив Господ не избрал.'
11 Самуил го запраша Јесеја: 'Сите деца твои ли се овие?' Јесеј одговори: 'Остана уште најмалиот; тој ги пасе овците.' И му рече Самуил на Јесеја: 'Испрати, и доведи го, зашто нема да седнеме да јадеме, додека тој не дојде овде.'
12 Тогаш Јесеј испрати, и го доведоа. Тој беше рус, со убави очи и пријатно лице. И Господ рече: 'Стани, помажи го, зашто тоа е тој.'
13 Самуил го зеде рогот со елеј и го помаза среде браката негови, и Духот Господов почиваше врз Давида од тој ден и подоцна. Потоа Самуил стана и отиде во Арматем.
14 А од Саула отстапи Духот Господов, и зол дух од Господа го мачеше.'
15 И му рекоа на Саула неговите слуги: 'Ете, зол дух од Бога те мачи.
16 Нашиот господар нека заповеда на слугите свои, што се пред тебе, да побараат човек, што знае да свири на гусли и кога лошиот дух од Бога ке дојде врз тебе, тој, свирејки со рака, ке те успокојува.'
17 Саул им одговори на слугите свои: 'Најдете ми човек, што убаво свири, и доведете ми го.'
18 Тогаш еден од слугите негови рече: 'Ете, јас видов кај витлеемцеот Јесеј син, кој знае да свири, човек храбар и борбен, умно говори и е убав, и Господ е со него.'
19 Саул прати известител при Јесеја и рече: 'Испрати ми го синот свој Давида, кој е при стадото.'
20 Јесеј зеде осел со леб и мешина со вино и едно јаре, па ги испрати со синот свој Давида кај Саула.
21 Давид дојде кај Саула, и се претстави пред него; тој многу му се допадна на Саула и му стана оруженосец.
22 И Саул испрати да му кажат на Јесеја: 'Нека служи Давид при мене, бидејки најде благонаколност за очите мои.'
23 И секогаш, кога духот лукав доа аше врз Саула, Давид го земаше гуслето, свиреше, и на Саула му стануваше подобро и повесело, и лошиот дух тогаш се иставаше од него.