1 Самуил. Chapter 7

1 Жителите на Киријат-Јарим дојдоа, го зедоа ковчегот на заветот Господов и го однесоа во куката на Аминадава, на ридот, а синот негов Елеазар го посветија да го чува ковчегот на заветот Господов.
2 Од оној ден, кога ковчегот остана во Киријат-Јарим, измина многу време-дваесет години. И сиот Израилев дом се обрна кон Господа.
3 И му рече Самуил на сиот Израилев дом, велејки: 'Ако од се срце се обрнувате кон Господа, отстранете ги од средината своја ту ите богови и боговите од горичките, расположете го срцето свое кон Господа и Нему единствено служете Му, и Он ке ви избави од филистејските раце.'
4 И Израилевите синови ги отстранија разните Вааловци и Астарти и почнаа да му служат само на Господа.
5 И рече Самуил: 'Соберете ги сите Израилци во Масифа, и јас ке Му се помолам на Господа за вас.'
6 И се собраа во Масифа, и црпеа вода - ја истураа пред Господа, и постеа тој ден, велејки: ‘згрешивме пред Господа.‘ А Самуил им судеше на синовите Израилеви во Масифа.
7 Кога Филистејците чуја дека синовите Израилеви се собрале во Масифа, кнезовите нивни излегоа против Израилот; Израилците откако го слушнаа тоа, се уплашија од Филистејците.
8 Тогаш Израилевите синови му рекоа на Самуила: 'Не престанувај да го молиш Господа, нашиот Бог за нас, та некако да не спаси од филистејските раце.' А Самуил рече: 'Не може да биде, јас да отстапам од Господа, мојот Бог, и да не се молам за вас во молитвата своја!'
9 И Самуил зеде едно јагне цицалче и го принесе заедно со сиот народ како жртва сепаленица на Господа; повика Самуил кон Господа за Израилот и Господ го чу.
10 И кога Самуил ја принесуваше сепалиницата, Филистејците дојдоа да се бијат против Изрилот. Но тој ден Господ загрме со силен татнеж над Филистејците и испрати против нив силен ужас, и тие се збркаа и беа поразени пред Израилот.
11 Израилците излегоа од Масифа, ги гонеа Филистејците и ги разбиваа до под Ветхор.
12 И Самуил зеде еден камен и го стави ме у Масифа и Сен, и го нарече Аван-Зер, што значи довде ни помогна Господ.
13 Така беа смирени Филистејците и не доа аа веке во пределите Израилеви; и раката Господова беше врз Филистејците преку сите денови на Самуила.
14 А му беа вратени на Израилот градовите, што Филистејците ги беа презеле од Израилот, од Акарон дури до Гет, и Израил ги ослободи пределите нивни од филистејки раце, и настана мир ме у Израилот и Аморејците.
15 И Самуил беше судија над Израила преку сите денови на својот живот;
16 и секоја година одеше и го обиколуваше Ветил, Галгал, и Масифа и му судеше на Израилот по сите тие места;
17 потоа се вракаше во Арматем, бидејки таму беше куката негова, таму живееше и таму му судеше на Израилот, а таму изгради и жртвеник на Господа.