1 Самуил. Chapter 9
1 Имаше еден виден човек од Венијаминовите синови, по име Кис, син Авилов, син Јаредов, син на Вахиров, син Афеков, син на некојси Венијаминец.
2 Тој имаше син, по име Саул, млад и убав; и никој од Израилците не беше поубав од него; а и за глава тој беше повисок од сиот народ.
3 И на Сауловиот татко Кис му се загубија ослиците, па му рече Кис на синот свој Саула: 'Земи со себе еден од слугите и стани, та оди и побарај ги ослиците.'
4 И тој ја мина Ефремовата гора, ја минаа и земјата Селха, но не ги најдоа; ја минаа и земјата Сегалимиска, и таму ги немаше; потоа ја минаа и Венијаминовата земја, но не ги најдоа.
5 А кога дојдоа во земјата Сифова, Саул му рече на слугата свој, што беше со него: 'Да се вратиме, за да не почне татко, заборавајки ги ослиците, да се беспокои поради нас.'
6 Но слугата му рече: 'Еве, во овој град има еден човек Божји, чпвек почитуван; се што тој ке каже, се збиднува. Да отидеме сега таму; можеби, ке ни го покаже нашиот пат, по кој да одиме.'
7 И му рече Саул на слугата свој: 'Добро, да одиме, но што ке му однесеме на тој човек? Зошто леб не остана во торбите наши, а и подароци нема, за да му однесеме на човекот Божји. Што имаме?'
8 Слугата, пак, му одговори на Салу и рече: 'Ете, во раката моја има четврт сикла сребро; ке му ја дадам на човекот Божји, и тој ке ни го покаже патот наш.'
9 Порано кај Израилот, кога некој одел да Го праша Бога, велел вака: ‘да одиме кај јасновидецот. Зашто тој, кого денес го нарекуваат пророк, порано се викал јасновидец.‘
10 И му рече Саул на слугата свој: 'Добро велиш; да одиме!' И отидоа во градот, каде што беше човекот Божји.
11 Кога влегуваа во градот, сретнаа девојки, кои беа излегле да си наполнат вода, и ги запрашаа: 'Има ли тука јасновидец?'
12 Тие им одговорија и рекоа: 'Име; ете, тој е пред вас; само побрзајте; тој денес дојде во градот, бидејки народот денес принесува жртва на ридот;
13 кога ке дојдете во градот, ке го затечете, пред да се искачи на ридон за да руча; зашто народот нема да почна да јаде, додека тој не дојде; бидејки тој ке ја благослови жртвата, и потоа поканетите ке почнат да јадат; и така, одете, токму сега ке го затечете.'
14 И отидоа во градот. А кога дојдоа среде град, ете, и Самуил им излегува во пресрет, за да отиде на ридот.
15 А ден пред Сауловото доа ање, Господ му откри на Самуила и рече:
16 'Утре во ова време ке ти испратам еден човек од Венијаминовата земја, и то помажи го за цар на Мојот народ, Израилот; тој ке го спаси народот Мој од филистејските раце; зашто Јас погледнав милостивно на Мојот народ, бидејки повикот негов стигна до Мене.'
17 Кога Самуил го виде Саула, Господ му рече: 'Ете го човекот, за кого ти говорев; тој ке царува над Мојот народ.'
18 Саул се приближи до Самуила при вратата и го запраша: 'Кажи ми, каде е куката на јасновидецот?'
19 Самуил му одговори на Саула и рече: 'Јас сум јасновидецот, оди пред мене на ридон; и вие ке ручате денес со мене; јас ке те пуштам изутрина, и ке ти кажам се, што имаш на срцето;
20 а за ослиците, што се загубија пред три дена, не се грижи, тие се најдени. Та за кого е се она, што е најсакано кај Израилот? Нели е за тебе и за целиот твој татков дом?'
21 Саул одговори и рече: 'Не сум ли јас син од Венијаминовото колено, едно од најмалите Израилеви колена? И домот мој не ли е најмал ме у домовите од Венијаминовото колено? Тогаш, зошто ми го говориш тоа?'
22 Самуил го зеде Саула и слугата негов, ги воведе во собата, и им даде прво место ме у поканетите, кои беа триесетина души.
23 И му рече Самуил на готвачот: 'Донеси го оној дел, што ти го бев дал и за кој ти бев рекол: ‘зачувај го кај себеси.‘'
24 И готвачот ја зеде плешката и се, што беше на неа, и го стави тоа пред Саула. И рече Самуил: 'Ете, тоа е принесено, стави го пред себе и јади, бидејки тоа е зачувано заради тебе кога го свикав народот.' И тој ден Саул ручаше со Самуила.
25 Потоа тие слегоа од ридот во градот, и Самуил разговараше со Саула на покривот, а и послаа за Саула на покривот и тој спиеше.
26 Утрината тие станаа токму кога зазори зората, Самуил го повика Саула на покривот и рече: 'Стани, јас ке те испратам.' Саул стана, и обајцата, тој и Самуил, излегоа од куката.
27 Кога наближуваа кон крајот на градот, Самуил му рече на Саула: 'Кажи му на слугата да оди пред нас,' - и тој отиде напред, - 'а ти сега застани,' и јас ке ти откријам, што рече Бог.'