1 Самуил. Chapter 4

1 Филистејците се собраа да војуваат против Израилот. И словото Самуилово беше свртено кон сиот Израил. И излегоа во војна Израилците против Филистејците и се улогорија при Авен-Езер, а Филистејците се сместија при Афек.
2 И Филистејците се наредија за борба против Израилците; почна борбата, и Филистејците ги разбија Израилците, и загинаа од нив на бојното поле до четири иљади души.
3 Тогаш народот дојде во логорот; и старешините Израилеви рекоа: 'Зошто Господ не порази денес пред Филистејците. Да си го земеме од Силом ковчегот на заветот Господов, и тој ке оди среде нас и ке не спаси од раката на непријателите наши.'
4 И народот испрати во Силом, па го донесоа оттаму ковчегот на заветот на Господа Саваот, Кој седи на Херувими; а при ковчегот на заветот Божји беа двајцата синови на Илиј - Офни и Финес.
5 И кога пристигна во логорот ковчегот на заветот Господов, сиот Израил крена толку силен вик, што земјата трепереше.
6 И Филистејците ги слушнаа радосните извици и рекоа: 'Зошто ли се тие радосни извици во логорот на Евреите?' И дознаа, дека во логорот пристигнал ковчегот Господов.
7 И се уплашија Филистејците, бидејки рекоа: 'Бог дошол при нив во логорот.' И рекоа: 'Тешко нам, зашто такво нешто не се случило ни вчера ни завчера;
8 тешко нам! Кој ке не спаси од раката на Оној силен Бог? Тоа е Оној Бог, што ги порази Египтјаните со секакви поразии во пустињата.
9 Стегнете се, о Филистејци, и бидете храбри, за да не станете робови на Евреите, како што се тие во ропство под вас; бидете јунаци и удрете на нив!'
10 И Филистејците удрија, Израилците беа разбиени, и секој избега во шаторот свој; поразот беше многу голем; од Израилците паднаа триесет иљади пешаци.
11 Ковчегот Божји беше земен, и обајцата Илиини синови, Офни и Финес, загинаа.
12 А еден од Венијаминовите побегна од местото на битката и дојде во Силом истиот ден; облеката му беше испокината и главата во прав.
13 Кога тој пристигна, Илиј седеше на стол при патната врата и гледаше, бидејки срцето му трепереше за ковчегот Божји. И кога тој човек пристигна и јави во градот, целиот град високо повика.
14 Илиј го чу плачењето и рече: 'Каква врева е тоа?' И човекот веднаш се приближи и му соопшти на Илиј.
15 Илиј тогаш беше на деведесет и осум години; и очите му се беа помрачиле, и тој не можеше да гледа.
16 И човекот му рече на Илиј: 'Јас дојдов од логорот, денес избегав од местото на битката.' И рече Илиј: 'Што стана, синко?'
17 И известителот одговори и рече: 'Израил избега пред Филистејците, голем пораз стана во народот, и двајцата твои синови, Офни и Финес, загинаа, и ковчегот Божји беше запленет.'
18 Кога тој спомна за ковчегот Божји, Илиј падна од столот при вратата нагрб, си го скрши грбникот и умре; бидејки тој беше стар и тежок. Тој беше судија на Израилот четириесет години.
19 Снаата негова, Финесовата жене, беше бремена веке навременила. Кога го чу известувањето дека ковчегот Божји е запленет и дека свекорот нејзин и мажот нејзин умреле, се свитка на колена и роди, бидејки и дојдоа болките.
20 И кога таа умираше, жените околу неа и говореа: 'Не плаши се, ти роди син.' Но таа не одговараше и не обрнуваше внимание.
21 И го нарече младенчето Ихавод, велејки: 'Си отиде славата од Израилот' - со запленувањето на ковчегот Божји, а и со смртта на свекорот нејзин и мажот нејзин.
22 Таа затоа рече: 'Отиде славата од Израилот, бидејки ковчегот Божји е запленет.