1 Самуил. Chapter 15
1 Потоа Самуил му рече на Саула: 'Господ ме испрати да те помажам за цар над Неговиот народ, над Израилот; а сега чуј го гласот Господов.
2 Така говореше Господ Саваот: 'Си спомнав на она, што Амалик му го направи на Израилот, како тој му се испречи на патот кога тој доа аше од Египет.
3 Оди сега и порази го Амалика и истреби се негово, но не земај за себе ништо од нив, туку уништи го и проколни се што е негово; не штеди го, туку предај на смрт од маж до жена, од момче до доенче, од вол до овца, од камила до осел.'
4 Го собра тогаш Саул неродот и го преброи во Галгал; и тие двесте иљади Израилци пешаци и десет иљади од Јудиното племе.
5 И дојде Саул до Амаликовите градови и постави заседа во потокот.
6 Па им рече Саул на Кенејците: 'Одете, одделете се, излезете од средината на Амаликовците, за да не ве погубам со нив, бидејки вие покажавте благонаклоност спрема сите Израилци кога доа аа од Египет. И Кенејците се одделија од Амаликијците.
7 И Саул го порази Амалика од Евил до пределите на Сур, што е пред Египет;
8 и го зароби жив амаликијскиот цар Агага, и сиот народ го истреби со меч и Јерима го уби.
9 Но Саул и народот го поштедија Агага и најдобрите овци, волови и згоените јагниња, и сето добро, кое не сакаа да го истребат, а го истребија сето лошо и безвредно.
10 И дојде словото од Господа, кон Самуила вакво:
11 'Жалам, што го поставив Саула за цар, бидејки тој се одврати од Мене и не го исполни зборот Мој.' Се натажи Самуил многу, викаше кон Господа цела нок.
12 А изутрината рано Самуил стана и отиде да го пресретне Саула. И му јавија на Самуила, дека Саул отишол на Кармил и таму си подигнал споменик, но оттаму ја свртил колата и слегол во Галгал.
13 Кога Самуил дојде при Саула, Саул му рече: 'Благословен да си од Господа; јас го исполнив зборот Господов.'
14 Но Самуил рече: 'А какво е ова блеење на овци во ушите мои и мукање на волови, што го слушам?'
15 Саул одговори: 'Ги дотераа од Амалика, зашто народот ги поштеди најдобрите овци и волови за принесување жртви на Господа, твојот Бог; а другото го истребивме.
16 Самуил му рече на Саула: 'Почекај да ти јавам, што ми кажа Господ нокеска.' А Саул му рече: 'Кажувај.'
17 Тогаш Самуил му рече на Саула: 'Зар не беше ти мал пред Него и зар не те постави глава над Израилевите племиња, и Господ те помаза за цар над Израилот?
18 И Господ те испрати на пат и рече: 'Оди и истреби ги Амаликијците и војувај против нив, се додека ги истребиш.
19 Зошто тогаш ти не го послуша гласот Господов, а се втурна по грабеж и направи зло пред очите на Господа?'
20 Саул му одговори на Самуила: 'Јас го послушав гласот Господов и отидов на пат, каде што ме испрати Господ, и го доведов амаликијскиот цар Агаг, а Амаликијците ги истребив;
21 а од пленот: овците и воловите, народот го зеде најдоброто од ограбеното, за да му принесе жртва на Господа, твојот Бог, во Галгал.'
22 Самуил одговори: 'Зар сепалиниците и приносите повеке Му се пријатни на Господа, отколку послушноста на гласот Господов? Послушноста е подобра од жртвата, и покорувањето - подобро отколку овнешкото месо;
23 зашто непокорноста и исто таков грев, какво што е вражањето, а упорноста е исто како и идолопоклонството. Поради тоа што го отфрли зборот на Господа, затоа и Он те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот.'
24 И Саул му кажа на Самуила: 'Згрешив, бидејки ја престапив заповедта на Господа и твојот збор; но јас се исплашив од народот и го послушав гласот нивни.
25 А сега земи го од мене мојот грев и врати се со мене, за да Му се поклонам на Господа, твојот Бог.'
26 А Самуил му одговори на Саула: 'Нема да се вратам со тебе, зашто ти го отфрли зборот Господов, и Господ тебе те отфрли, за да не бидеш цар над Израилот.'
27 Самуил се сврти да си оди. Но Саул се фати за крајот од облеката негова и ја раскина.
28 Тогаш Самуил рече: 'Денес Господ го одзеде царството Израилево од тебе и му го даде на твојот ближен, кој е подобар од тебе.
29 Светецот Израилев нема да каже неправда, ниту ке се покае, бидејки Он не е човек, та да се покае.'
30 И рече Саул: 'Згрешив; но направи ми сега чест пред старешините на мојот народ и пред Израилот, и врати се со мене, и јас ке Му се поклонам на Господа, твојот Бог.'
31 Самуил се врати по Саула, и Саул Му се поклони на Господа.
32 Потоа Самуил рече: 'Доведете ми го амаликијскиот цар Агага.' Агаг, растреперен, се приближи до него, и рече Агаг: 'Горчината на смртта, секако, одмина!'
33 Но Самуил рече: 'Како што мечот твој ги лишуваше жените од децата, така и мајка ти ме у жените нака биде лишена од син.' И го исече Самуил Агага пред Господа во Галгал.
34 Самуил отиде во Арматем, а Саул отиде во домот свој во Гава Саулова.
35 И Самуил веке не се виде со Саула до денот на смртта своја; но Самуил тагуваше по Саула, бидејки Господа се беше покајал, што го зацари Саула над Израилот.