1 Самуил. Chapter 11
1 И по месец време дојде Амонитеецот Наас и го опколи Јавис Галадски. И сите јависки жители му рекоа на Наас: 'Склучи со нас сојуз, и ние ке ти служиме!'
2 На Амонитеецот Наас им рече: 'Kе склучам сојуз со вас, но под услов, на секого од вас да му го извадам десното око и со тоа да нанесам срам врз целиот Израил.'
3 Јависките старешини му рекоа: 'Дај ни рок од седум дена, да испратиме пратеници по сите израилски предели, и, ако никој не ни помогне, ке ти се предадеме.'
4 И пратениците дојдоа во Гава Саулова и му ги раскажаа на народот гласно тие зборови; и сиот народ извика и заплака.
5 А ете, Саул доа аше од нива по воловите свои и рече: 'Што станало со народот, та плаче?' И му ги кажаа зборовите на Јависките жители.
6 И слезе Духот Божји врз Саула, откако ги чу тие зборови, и силно се разгневи;
7 па зеде два вола, ги исече на парчиња и ги испрати по сите израилски предели преку тие пратеници, објавувајки, дека така ке биде постапено со воловите на секого, што нема да тргне по Саула и Самуила. И страв Господов падна врз народот, и тргнаа сите како еден човек.
8 Саул го преброи во Везек, и се најдоа синовите Израилеви шестотини иљади и мажи Јудини - седумдесет иљади.
9 И им рече на дојдените пратеници: 'Вака кажете им на жителите на Јавис Галадски: утре ке имате помош штом ке припече сонцето.' И пратениците отидоа и им јавија на јависките жители, и тие се зарадуваа.
10 И Јависките жители му рекоа на Наас: 'Утре ке ви се предадеме, и правете со нас што сакате.'
11 На следниот ден Саул го раздели народот во три групи, и тие се провлекоа среде логорот по утринската стража и до дневниот пропек ги поразија Амонмитците; другите Амонитци се распрснаа така, што од нив не останаа ни двајца заедно.
12 Тогаш народот му рече на Самуила: 'Кои беа тие што рекоа - Та Саул ли ке царува над нас? - Дајте ги тие лу е, и ние ке ги убиеме.'
13 Но Саул рече: 'Денес не треба никој да се убие, зашто денес Господ изврши спасение во Израилот.'
14 И Самуил му рече на народот: 'Да одиме во Галгал и таму да го обновиме царството.'
15 И сиот народ отиде во Галгал и го поставија таму Саула за цар пред Господа, во Галгал, и принесоа таму благодарствени жртви пред Господа. И се провеселија таму многу, Саул и сите Израилци.