Откровение. Chapter 19
1 Потоа чув нешто како силен глас од големо множество на небото, како зборува: 'Алелуја! Спасението, славата, честа и силата Му припаѓаат на Господ нашиот Бог,
2 зашто вистинити и праведни се Неговите пресуди! Зашто ја осуди големата блудница која ја расипа земјата со своето блудство, И BРЗ НЕА ЈА ОДМАЗДИ КРBТА НА СBОИТЕ СЛУГИ!'
3 И по вторпат рекоа: 'Алелуја! НЕЈЗИНИОТ ДИМ СЕ ИЗДИГА BО BЕЧНИ BЕКОBИ!'
4 А дваесет и четирите старешини и четирите живи суштества паднаа и Му се поклонија на Бог Кој седи на престолот, велејќи: 'Амин! Алелуја!'
5 А од престолот излезе глас, кој велеше:'Валете Го нашиот Бог сите Негови слуги и вие кои се боите од Него, мали и големи.'
6 И чув, како глас од големо множество, и како шум од големи води, и како татнеж на силни грмотевици, кој велеше: 'Алелуја, зашто владее нашиот Семоќен Господ Бог!
7 Да се радуваме, да се веселиме и да Му оддадеме слава, зашто дојде свадбата на Јагнето и Неговата невеста се подготви.
8 Нејзе и беше дадено да се облече во светло и чисто ленено платно, а платното, тоа се праведните дела на светиите.
9 И ми рече: 'Напиши: Блажени се оние кои се повикани на свадбата на Јагнето.' И уште ми рече: 'Ова се вистинити Божји зборови!'
10 Јас паднав пред неговите нозе да му се поклонам, а тој ми рече: 'Не прави го тоа! Јас сум слуга како и ти и твоите браќа, кои го имаат Исусовото сведоштво; поклони Му се на Бог, зашто Исусовото сведоштво е духот на пророштвото.'
11 Потоа видов отворено небо, и ете, бел коњ, а Оној Кој седеше на него се вика Bерен и Bистинит, и суди и војува во праведност.
12 Очите Му се огнен пламен, а на главата многу круни и има напишано име кое никој не го знае освен Него.
13 Облечен е во облека натопена во крв, а името Му е Божјо Слово.
14 А го следеа небесните војски на бели коњи, облечени во бел и чист лен.
15 Од Неговата уста излезе остар меч, за да ги удира со него народите, и ќе им биде Пастир со железна палка; и Тој ќе ја гази кацата на виното на лутиот гнев на Сèмоќниот Бог.
16 А на Неговата наметка и на Неговото бедро има напишано име: 'ЦАР НА ЦАРЕBИТЕ И ГОСПОДАР НА ГОСПОДАРИТЕ.'
17 Потоа видов еден ангел како стои на сонце и извика со силен глас, зборувајќи им на сите птици што летаат сред небото: 'Дојдете и соберете се на големата Божја гозба,
18 да јадете месо од цареви, месо од војводи, месо од моќници, месо од коњи и од оние кои ги јаваат и месо од сите луѓе слободни, робови, мали и големи.'
19 Потоа го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски - собрани за да војуваат против Оној Кој седи на коњот и против Неговата војска.
20 А ѕверот беше фатен, заедно со лажниот пророк кој правеше чудотворни знаци пред него, со кои ги заведе оние кои го примија белегот на ѕверот и кои се клањаа на неговата икона; и обајцата беа фрлени живи во огненото езеро што гори со сулфур.
21 Другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот, и сите птици се наситија со нивното месо.