Судии . Chapter 12
1 Лу ето од Ефремовото племе се собраа, дојдоа во Сефин и му рекоа на Ефтаја: 'Зошто отиде да војуваш против Амонитите, а нас не не повика со себе? Ние ке го изгорима со оган домот твој со тебе.'
2 Ефтај им рече: 'Јас и народот мој имавме со Амонитите силни караници; јас ве повикав, но вие не ме спасивте од рацете нивни.
3 Откако увидов, дека вие нема да ме спасите, го изложив животот на опасност и отидов против Амонитите, и Господ ги предаде во рацете мои; зошто дојдовте сега да војувате против мене?'
4 Тогаш Ефтај ги собра сите галадски жители и удри на Ефремовците, и жителите галадски ги испотепаа Ефремовците, велејки: 'Вие сте бегалци Ефремови, а Галад е среде Ефрема и среде Манасија'.
5 И Галадците ги зазедоа бродовите јордански од Ефремовците, и кога некој од унесрекените Ефремовци ке речеше: 'дозволете ми да преминам', жителите галадски му велеа: 'нели си ти Ефремовец?' Тој ке одговори: 'не'.
6 Тие ке му речат: 'кажи шиболет', и тој ке рече: 'сиболет', и не можеше никако да го изговори. Тогаш тие го земаа и го заколуваа при бродот преку Јордан. И во тоа време од Ефремовците паднаа читириесет и две иљади.
7 Ефтај беше судија над Израилот шест години, и умре Ефтај, и беше погребан во еден од галагадските градови.
8 По него судија над Израилот беше Есевон од Витлеем.
9 Тој имаше триесет синови, а триесет керки од домот свој омажи, додека тириесет керки зеде однадвор за синовите свои, и беше судија над Израилот седум години.
10 Есевон умре и беше погребан во Витлеем.
11 По него судија над Израилот стана Елон од Завулон и му судеше на Израилот десет години.
12 Умре и Завулонецот Елон и го погребаа во Елим, во земјата Завулонова.
13 По него беше судија над Израилот Авдон, син на Елива Фаратонецот.
14 Тој имаше четириесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет ослиња; тој му судеше на Израилот осум години.
15 И умре Авдон, синот на Фаратонецот Елива, и беше погребан во Фаратон, во земјата Ефремова, во гората Амаликова.