Судии . Chapter 3
1 Еве ги народите, кои не знаеја за сите ханански војни,
2 само за да знаат и да се учат на војна подоцнежните поколенија на Израилевите синови, кои порано не ја знаеја:
3 шест филистејски војводства, сите Хананејци, Сидонци и Евејци, кои живееја во горатао Вал-Ермон до Емат.
4 Тие беа оставени, за да биде преку нив искушан Израилот, и да се дознае, дали се покоруваат на заповедите Господови, кои Он ги беше заповедал на татковците нивни преку Мојсеја.
5 И живееја Израилевите синови ме у Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците, Гергесејците и Јевусејците,
6 и ги земаа керките нивни за жени, и им ги даваа керките свои на синовите нивни, и им служеа на нивните богови.
7 Синовите Израилеви извршија зло пред очите на Господа, и Го заборавија својот Господ Бог, и им служеа на Ваал и на Дубрави.
8 Тогаш Господ се разгневи силно против Израилот, и ги предаде во рацете н Хусарсатем, царот на Сириска Месопотамија, и синовите Израилеви му робуваа на Хусарсатем осум години.
9 Потоа синовите Израилеви повикаа кон Господа, и издигнаа за синовите Израилеви спасител, кој ги избави, - Кенезовиот син Готониил, помалиот брат на Халев.
10 Врз него беше Духот Господов, и тој беше судија на Израилот. Тој објави војна против Хусарсатем, и Господ го предаде во рацете негови сирискиот цар Хусарсатем и раката негов се зацврсти над Хусарсатема.
11 И земјата беше спокојна четириесет години, Потоа умре Готониил, Кенезовиот син.
12 Синовите Израилеви почнаа пак да вршат зло пред Господа, и Господ му даде сила на моавскиот цар Еглон против Израилот, поради тоа што тие правеа зло пред Господа.
13 Тој ги собра при себеси синовите Амонитски и Амаликови, па тргна и го порази Израилот, и го завладеја градот на палмите.
14 И синовите Израилеви му робуваа на моавскиот цар Еглон осумнаесет години.
15 Тогаш синовите Израилеви пак повикаа кон Господа, и Господ им го избра за спасител Аода, синовт на Гира, Еминиев син, кој беше левак. И синовите Израилеви му испратија по него дарови на моавскиот цар Еглон.
16 Аод си направи меч со две сечила, долг еден лакот, и го препаша под облеката своја на десното бедро,
17 и однесе дарови на моавскиот цар Еглон, а Еглон беше човек многу дебел.
18 Кога Аод ги поднесе сите дарови и ги испрати лу ето, што ги донесоа даровите,
19 сам се врати од идолите, што се во Галгал, и рече: 'Царе, имам тајна за тебе.' Тој рече: 'Потивко!' И излегоа сите, што стоеја при него.
20 Аод влезе при него: тој седеше во летната горна соба, што ја имаше одделено. И рече Аод: 'Имам Божја порака за тебе.' Еглон стана од престолот.
21 Кога тој стана, Аод ја подаде својата лева рака, и го зеде мечот од десното бедро и го заби во стомахот негов,
22 така што сечилото влезе и дршката, и дебелината го покри сечилото; бидејки Аод не го извади мечот од трбухот негов и излезе нечистотија.
23 Аод потоа излезе од собата, ја затвори вратата и ја заклучи.
24 Откако излезе, слугите на Еглон дојдоа и гледаа, ете, вратата на собата е заклучена, и си рекоа: - сигурно е тој надвор по потреба до летната соба
25 Чекаа доста долго, но откако видоа дека никој не ја отвора вратата од собата, зедоа клуч и отклучија, а таму господарот нивни лежи на земјата мртов.
26 Додека се чудеа, Аод избега, и никој на него не мислеше, мина покрај идолите и се спаси во Сетирот.
27 А штом пристигна во земјата Израилева, Аод затруби со труба во Ефремовата гора, и слегоа со него синовите Израилеви од гората, и тој тргна пред нив.
28 И им рече: 'Одете по мене, зашто Господ Бог ги предаде непријателите ваши, Моавците, во ваши раце.' И тргнаа по него, презедоа моавски бродови на Јордан, и не пуштија никон да премине.
29 Тогаш убија околу десет иљади Моавци, се здрави и силни, и никој не избега.
30 Така се смирија во оној ден Моавците пред Израилот, и земјата беше спокојна осумдесет години. И Аод беше нивни судија до својата смрт.
31 По него дојде Семегар, син Анатов, кој уби шестотини души Филистејци со воловски остен; и тој исто така го избави Израилот.