Судии . Chapter 13
1 Израилевите синови пак правеа зло пред Господа, и Господ ги предаде во рацете на Филистејците за време од четириесет години.
2 Во тоа време имаше еден човек од Сарај, од Дановото племе, по име Маној; жена му беше неплодна и не ра аше.
3 И Ангел Господов и се јави на жената и и рече: 'Ете, ти си неплодна и не ра аш; но ке зачнеш и ке родиш син;
4 затоа пази се, не пиј вино и сикер и не јади ништо нечисто;
5 оти, ете, ке зачнеш и ке родиш син, и брич нема да ја допре главата негова, зашто од самата мајчина утроба тоа младенче ке биде назореј Божји, и ке почне да го спасува Израилот од рацете на Филистејците.'
6 Жената дојде и му кажа на мажот свој, велејки: 'Човек Божји дојде кај мене, и лицето му беше како лице на Ангел Божји, многу страшно; јас не го прашав од каде е, и тој не ми го кажа името свое;
7 тој ми рече: ‘ете, ке зачнеш и ке родиш син; затоа не пиј вино и сикер и не јади ништо нечисто, бидејки младенчето од самата мајчина утроба па до смртта своја ке биде посветено на Бога.‘
8 И Маној му се помоли на Господа и рече: 'Господи! Нека дојде пак при нас човекот Божји, што си го испратил, и нека не научи како да постапиме со младенецот, што ке се роди.'
9 Бог ја услиши молитвата на Маноја, и Ангелот Божји пак дојде при жената, кога таа беше во полето, а Маној, мажот нејзин, не беше со неа.
10 Жената во тој момент потрча и му јави на мажот свој и му рече: 'Ете, ми се јави човекот, кој порано дојде при мене.'
11 Маној стана и тргна со жена си, и дојде кај оној човек и му рече: 'Ти ли си човекот, што говорел со оваа жена?' И Ангелот рече: 'Јас.'
12 И рече Маној: 'И така, нека се исполни зборот твој, но како да постапуваме со тоа младенче, и што да правиме со него?'
13 Ангелот Господов му кажа на Маној: 'Нека се чува тој од се она, за кое и говорев на жената;
14 нека не јаде ништо од она што лозата го ра а; нека не пие вино и сикер, да не јаде ништо нечисто и да внимава на се, што и заповедав.'
15 А Маној му рече на Ангелот Господов: 'Дозволи ми да те задржам, додека да зготвиме јаре.'
16 Ангелот Господов му рече на Маној: 'И да ме задржиш, јас нема да јадам твој леб; ако, пак, сакаш да Му принесеш жртва на Господа, принеси го.' Маној не знаеше, дека е тоа Ангел Господов.
17 Маној пак го праша Ангелот Господов: 'Како ти е името, за да те прославам, кога ке се исполни зборот твој.'
18 Ангелот Господов му одговори: 'Зошто прашуваш за името мое? Тоа е чудно.'
19 И го зеде Маној јарето и лебниот принос и Му ги принесе на Господа врз камен. И Он изврши чудо, кое го видоа Маној и неговата жена.
20 Кога почна пламенот да се издига од жртвеникот кон небото, Ангелот Господов се издигна во жртвениот пламен. Откакот го видоа тоа, Маној и жената негова паднаа ничкум на земјата.
21 И Ангелот Господов стана невидлив за Маној и жената негова. Тогаш Маној дозна, дека тоа беше Ангел Господов.
22 И и рече Маној на жената своја: 'Бездруго ке умреме, бидејки Го видовме Бога.'
23 Жената му рече: 'Ако Господ сакаше да не умртви, не би примил од рацете наши жртва сепаленица и лебен принос, и не би ни го покажал сето она, а сега не би ни го открил ова.'
24 и жената роди син и го нарече со името Самсон. И младенчето растеше, и Господ го благословуваше.
25 И Духот Господов почна да дејствува во него во Дановиот логор, ме у Сарај и Естаол.