Судии . Chapter 10
1 По Авимелеха се крена да го спаси Израилот Тола, синот на Фуј, син Додов, од Исахарово племе. Тој живееше во Самир, на гората Ефремова.
2 Тој беше судија над Израилот дваесет и три години, и умре, и беше погребан во Самир.
3 По него се крена Јаир од Галад, кој беше судија над Израилот дваесет и две години.
4 Тој имаше триесет и два сина, кој јаваа на триесет и две ослиња, и тие имаа триесет и два града, кои и до денес се нарекуваат Јаирови селишта, а се во Галадската земја.
5 Умре Јаир и беше погребан во Камон.
6 А Израилевите синови пак почнаа да вршат зло пред Господа и им служеа на разни Вааловци и Астарти, на боговите сириски, на боговите сидонски, на боговите моавски, на боговите амонитски и на боговите филистејски, а Господа Го оставија и не Му служеа.
7 И се разгори гневот на Господа против Израилот, и Он ги предаде во рацете на Амонитите.
8 Оттогаш тие ги угнетуваа и ги мачеа Израилевите синови осумнаесет години по ред, сите Израилеви синови од онаа страна на Јордан во Аморејската земја, кој е во Галад.
9 Најпосле Амонитите го преминаа Јордан, за да војуваат против Јуда и Венијамина и против домот Ефремов. И синовите Израилеви беа на големи маки.
10 Па повикаа синовите Израилеви кон Господа и рекоа: 'Згрешивме пред Тебе, зашто го оставивме нашиот Бог и им служиме на Вааловци.'
11 И Господ им рече на Израилевите синови: 'Не ве угнетуваа ли Египтјаните и Аморејците, Амонитите и Филистејците,
12 Сидонците, Амаликијците и Моавците и кога повикавте кон Мене, не ве спасив ли од рацете нивни?
13 А вие Ме оставивте и почнавте да им служите да други богови; затоа нема повеке да ве спасувам;
14 одете, повикајте ги боговите, што сте ги избрале, нека ве спасат тие во ова за вас тешко време.'
15 Тогаш синовите Израилеви Му рекоа на Господа: 'Згрешивме; прави со нас се што Ти е угодно, само спаси не сега.'
16 И ги отфрлија од себе ту ите богови и почнаа да Му служат само на Господа. И не ги истрпе душата Негова страдањата Израилеви.
17 Амонитите, пак, се собраа и се сместија, се улогорија во Галад; исто така се собраа и Израилевите синови и се улогорија во Масифа.
18 Народот и началниците галадски се рекоа еден на друг: 'Кој ке почна војна против Амонитите, тој нека биде началник на сите галадски жители.'