Судии . Chapter 7
1 И порани Јеровоам, односно Гедеон, утрината и сиот народ, што беше со него, и се сместија при изворот Арад; мадијамскиот, пак, логор беше на север од него, кај ридот Море, во долината.
2 И Господ му рече на Гедеона: 'Се тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мадијамците во негови раце, за да не се возгордее Израилот пред Мене и да каже: 'мојата рака ме спаси'.
3 Затоа разглеси да чуе народот, и кажи: 'Кој се бои и е плашлив, нека се врати и веднаш нека оди на гората Галад'. И се вратија од народот дваесет и две иљади души, а десет иљади останаа.
4 И му рече Господ на Гедеона: 'Народ се уште има многу; одведи ги кај водата, таму ке ти ги одберам; за кого ке речам: ‘да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ке ти кажам: ‘не треба да оди со тебе‘, нека не оди.'
5 Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеона: 'Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние, што клекнуваат за да пијат вода.'
6 И бројот на оние, што локаа со уста од рака, беше триста души; а сиот друг народ коленичеше, за да пие вода.
7 И му рече Господ на Гедеона: 'Со тие триста, што локаа, ке ве спасам и ке ви ги предадам Мадијамците во рацете ваши, а сите други нека си одат секој во своето место'.
8 И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги распушти сите Израилци по шаторите, а задржа кај себе триста души. Мадијамскиот логор, пак, беше подолу од него - во долината.
9 Во онаа нок Господ му рече: 'Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.
10 Ако, пак, се плашиш да слезеш сам, оди во логорот со Фара, слугата свој;
11 и ке чуеш што зборуваат, и тогаш ке се зацврстат рацете твои, и ке слезеш во логорот'. И слезе тој и Фара, слугата негов, до војниците, што беа во логорот.
12 А Мадијамците и Амаликовците и сите жители од исток се беа сместиле по долината во големо множество, како скакулци; камилите нивни беа безброј, беа многу - како песокот на морскиот брег.
13 Гедеон дојде. И ете, еден му го раскажува сонот на друг и вели: 'Сонив дека еден тркалезен јачменов леб се тркала по мадијамскиот логор и откако се отркала до шаторот, удри во него така, што тој падна, го собори, и шаторот се растури.'
14 Другиот му одговори: 'Тоа не е ништо друго, туку мечот на Гедеона, Јоасовиот син, Израилецот; Бог ги предал во рацете негови Мадијамците и целиот логор.'
15 Откако го чу прикажувањето за сонот и толкувањето негово, Гедеон Му се поклони на Господа, се врати во Израилскиот логор и рече: 'Станувајте! Господ го предаде во рацете ваши мадијамскиот логор.'
16 И ги распореди тристоте души на три чети и на сите им даде по една труба и празни стомни и во стомните свеки.
17 И им рече: 'Гледајте ме мене и правете го истото; ете, ке се доближам до логорот, и што ке правам јас, тоа правете го и вие.
18 Кога јас и тие, што се со мене ке затрубиме со труба, трубете и вие со вашите труби околу целиот логор и викајте: 'Меч Господов и Гедеонов!'
19 И дојде Гедеон и сто души со него до крајот на логорот, во почетокот на средната стража, ги разбудија стражарите, затрубија со трубите и ги скршија стомните, што беа во рацете нивни.
20 И затрубија сите три чети со труби, и ги скршија стомните, и ги држеа во левата рака свеките, а во десната рака трубите, трубеа и викаа: 'Меч Господов и Гедеонов!'
21 И секој стоеше на местото свое околу логорот; тогаш во целиот логор се растрчаа, развикаа и почнаа да бегаат.
22 Дедека тие триста души трубеа со труби, Господ го сврте мечот на секого притив другарот негов по целиот стан, и војската бегаше до Бетшита кај Царер, до пределите на Авелмехол, близу до Табата.
23 Тогаш Израилците од племето Нефталимово, Асирово и од целото племе Мансиево беа повикани и се впуштија по Мадијамците.
24 а Гедеон испрати пратеници по целата гора Ефремова да кажат: 'Излезете им во пресрет на Мадијамците и заземете им ги бродовите во водите на Ветир и Јордан.' И беа повикани сите Ефремовци, и ги зазедоа бродовите во водите на Ветир и Јордан;
25 И ги фатија двајцата мадијамски кнезови: Орива и Зива; Орива го убија во Сур, а Зива - во Јакевзив, и ги гонеа Мадијамците; главите, пак, на Орива и Зива му ги однесоа на Гедеон од онаа страна на Јордан.