Судии . Chapter 19

1 Во она време, кога Израил немаше цар, живееше еден левит, кој како придојден живееше во гората Ефремова. Тој си зеде наложница од Витлеем Јудејски.
2 Но наложницата негова се скара со него и си отиде во татковиот си дом, во Витлеем Јудејски, и остана таму четири месеци.
3 Мажот и стана и отиде при неа, за да ја замоли и да ја врати назад. Со него беше слугата негов и две ослиња. Таа го воведе во татковиот дом.
4 Тестот негов, татко на таа млада жена, откако го виде, го пресретна радосно и го задржа. И тој престојуваше кај него три дне: јадеа, пиеја и нокеваа таму.
5 На четвртиот ден станаа рано, стана и тој, за да си оди. И таткото на младата жена му рече на зетот свој: 'Поткрепи го срцето свое со залак леб, и потоа ке тргнете.'
6 Тие останаа, и двајцата заедно јадеа и пиеја. И таткото на таа млада жена му рече на тој човек: 'Остани уште една нок, и нека се повесели срцето твое!'
7 Човекот беше станал за да си оди, но тестот го наговори и тој пак нокеваше таму.
8 На петтиот ден изутрината тој стана, за да си оди. А таткото на младата жена рече: 'Поткрепи си го срцето свое со леб, и почекајте, додека да измине денот.' И јадеа двајцата и пиеја.
9 И стана човекот да си оди, тој, наложницата негова и слугата негов. И тестот негов, таткото на младата жена, му рече: 'Еве, почна да се стемнува, нокевајте, ве молам, денот е на свршување, нокевај тука, нека се повесели срцето твое; утре рано ке тргнете на пат, и ке си одиш во домот свој!'
10 Но мажот не се согласи да нокева, стана и тргна; и наближи до Евус, кој е сега Ерусалим; со него двете натоверени ослиња и наложницата со него.
11 Кога беа близу до Евус, денот веке беше изминал. И слугата му рече на господарот свој: 'Да навратиме во овој евусејски град и да нокеваме во него.'
12 Господарот му одговори: 'Не, нема да одиме во град на други племиња, кое не се од синовите Израилеви, а ке појдеме во Гаваон.'
13 И му рече на слугата свој: 'Оди да стигнеме до едно од Гаваонските места и ке нокеваме во Гаваон или во Рама.'
14 Па тргнаа, и одеа, а сонцето зајде близу до Гаваон Ванијаминов.
15 И тие навратија таму, за да одат да нокеваат во Гива. Откако влезе, тој седна на градскиот плоштад, но никој не ги покани во домот свој да нокеваат.
16 И ете, еден старец се вракаше вечерта од полска работа; тој беше родум од Ефремовата гора и живееше како придојден во Гаваон. Жителите, пак, од тоа место беа Венијаминоти синови.
17 Кога ги грена очите, тој виде на градскиот плоштад патник. И старецот запраша: 'Каде одиш и од каде доа аш?'
18 Тој му одговори: 'Од Витлеем Јудејски одиме за Ефремовата гора, од каде што сум јас; отидов во Витлеем Јудејски, а сега одам кон домот Господов; и никој не ме поканува во домот свој;
19 си имаме и слама и храна за ослите свои; исто така и леб и вино за мене и за твојата робинка и за овој слуга има кај твоите слуги, од ништо немаме потреба.'
20 Старецот му рече: 'Биди спокоен; каква потреба и да имаш, јас ке се погрижам, само на улица не нокевај.'
21 И го одведе во домот свој и им даде храна на ослите негови, а самите тие се измија нозете свои, јадеа и пиеја.
22 Откако го развеселија срцето свое, ете, градските жители, развратници, ја опколија куката, зачукаа на вратата и му говореа на старецот, стопанот на куката: 'Изведи го човекот, кој влезе во куката твоја, за да го запознаеме.'
23 Стопанот на куката излезе пред нив и им рече: 'Не, брака мои, не правете зло, кога тој човек влегол во куката моја, не правете го тоа безумие;
24 еве, јас имам керка мома, а тој има наложница ке ги изведам осраметете ги и правете со нив, се што ви е угодно; а со тој човек не правете го тоа безумие.'
25 Но тие на сакаа да го слушаат. Тогаш мажот ја зеде наложницата своја и ја изведе при нив на улица. Тие ја познаа и ја злоставуваа цела нок до утрината. И ја пуштија во зората.
26 И во зората дојде жената, падна пред кукната врата на човекот, кај кого беше господарот нејзин, и лежеше до осамнување.
27 Господарот нејзин стана утрината, ја отвори кукната врата и излезе, за да тргне на пат; и ете, наложницата негова лежи пред кукната врата, со рацете на прагот.
28 Тој и рече: 'Стани, ке одиме!' Но одговор немаше зашто таа беше умрела. Тој ја стави на ослето, стана и замина за местото свое.
29 Кога дојде во домот свој, зеде нож, ја фати наложницата своја, ја пресече по деловите на телото нејзино на дванаесет делови и испрати по сите предели Израилеви.
30 Секој, што го виде тоа, велеше: 'Не станало и не се видело такво нешто од денот, кога Израилевите синови изегоа од Египетската земја до денес. И им рече на лу ето што ги испрати: 'Така зборувајте по сиот Израил: станало ли такво нешто? Размислете за тоа, посоветувајте се и кажете!'