Судии . Chapter 4
1 Кога умре Аод, Израилевите синови пак почнаа да прават зло пред Господа.
2 И Господ ги предаде во рацете на хананскиот цар Јавин, кој царуваше во Асор, и на неговиот војвода Сисар, кој живееше во Арисот.
3 И повикаа Израилевите синови кон Господа; зашто Јавин имаше деветстотини железни коли и ги притискаше Израилевите синови дваесет години.
4 Во тоа време судија на Израилот беше пророчицата Девора, жената Лафидотова;
5 таа живееше под палма, ме у Рама и Ветил, во Ефремовата гора и одеа кај неа Израилевите синови на суд.
6 Девора испрати по Варака, синот на Авинеема од Кедес Нефталимов, и му рече: 'Зар не ти заповеда Господ, Бог Израилев: - иди, собери народ на гората Тавор и земи со себеси десет иљади души од Нефталимовите синови и од Завулоновите синови;
7 Јас пак, ке го доведам при тебе, кај потокот Кисон, Јавиновиот војвода Сисар, и колите негови и многуиљадната војска негова, и ке ти ги предадам во твои раце.'
8 Варак и одговори: 'Ако дојдеш со мене, ке одам; ако не дојдеш со мене, нема да отидам, зашто не го знам денот, во кој Господ ке го испрати Ангелот со мене.'
9 Таа му рече: 'Добро, ке дојдам со тебе; само знај, дека нема да биде славата твоја по патот, по кој ке одиш; зашто во женска рака ке го предаде Господ Сисара.' И Девора стана и тргна со Варака за Кедес.
10 И Варак ги повика Завулоновците и Нефталимовците во Кедес, и по него тргнаа десет иљади души, и Девора појде со него.
11 Тогаш Кенеецот Хавер се оддели од Кенејците ,синови на Овав, Мојсеев роднина, и го постави шаторот свој кај дабот, блузу до Кедес.
12 И му јавија на Сисара дека Авинеемовиот син Варак излегол на гората Тавор.
13 Сисар ги собра сите коли, деветстотини железни коли, и сиот народ, што беше со него, од Арисот незнабожечки кај потокот Кисон.
14 И Девора му рече на Варака: 'Стани, бидејки денес е денот, во кој Господ ке го предаде Сисара во рацете твои; Сам Господ ке тргне пред Тебе.' И Варак слезе од гората Тавор, и по него - десет иљади души.
15 Тогаш Господ го доведе во забуна Сисара и сите негови коли и целиот народ негов пред Вараковиот меч, и Сисар слезе од колата своја и избега пеш.
16 Варак ги подгони колите негови и народот до дубарвата незнабожечка и целиот народ Сисаров падна од остар меч, та не остана ниеден.
17 А Сисар побегна пеш до шаторот на Јаил, жената на Кенеецот Хавер, зашто ме у асорскиот цар Јавин и домот на Кенеецот Хавер имаше мир.
18 Тогаш излезе Јаил и му рече на Сисара: 'Влези господару мој, влези при мене, не плаши се!' Тој влезе при неа во шаторот, и таа го покри со наметката своја.
19 Сисар и рече: 'Дај ми малку вода да пијам, жеден сим.' Таа одврза мев со млеко, му даде да пие и пак го покри.
20 Сисар повторно и рече: Стој при влезот на шаторот и , ако некој додје и те праша: ‘нема ли никој тука?‘ а ти одговори - ‘нема‘'.
21 Јаил, Хеверовата жена, зеде еден колец од шаторот, зеде и чекан во раката своја, и отиде тивко при него, та му го заби колецот во слепоочниците негови, така што тој допре до земјата; а тој уморен спиеше, - и издивна.
22 И ете, Варак, трчаше по Сисара. Јаил го пречека и му рече: 'Влези, јас ке ти го покажам човекот, што го бараш.' Тој влезе при неа, и ете, Сисар лежи мртов, и колецот во слепоочниците негови.
23 Така го покори Господ Бог во тој ден ханаскиот цар Јавин пред синовите Израилеви.
24 Раката на синовите Израилеви се засилуваше се повеке и повеке над хананскиот цар Јавин, додека тие најпосле не го истребија.