Судии . Chapter 15
1 По неколку дена, по жетвата на пченицата, дојде Самсон да се види со жена си, донесувајки со себе едно јаре; и кога рече: 'Kе влезам при жена си во спалната', татко и не му дозволи да влезе.
2 И рече татко и: 'Јас помислив дека ти си ја намразил, па ја дадов на пријателот твој; ете, помалата сестра е поубава од неа; таа нека биде твоја неместо неа.'
3 Тогаш Самсон рече: 'Сега ке бидам прав пред Филистејците, ако им сторам зло.'
4 И отиде Самсон и улови триста лисици и, откако зеде свеки, врза опашка за опашка и врза една свека ме у две опашки;
5 ги запали свеките, и ги пушти лисиците во посевите филистејцки та ги изгоре крстините и неожнеаното жито, и лозјата и маслиновите градини.
6 И се прашуваа Филистејците: 'Кој го направи тоа?' И рекоа: 'Самсон, зетот на тимнатеецот, бидејки тој му ја одзеде жената и ја даде на другарот негов.' Тогаш Филистејците отидоа и ја изгорија со оган неа и домот на татко и.
7 Самсон им рече: 'Иако го сторивте тоа, јас пак ке ви се одмаздам и само тогаш ке се успокојам.'
8 И тој им ги скрши колената до бедрата, и отиде па заседна во пештерата кај карпата Итам.
9 Тогаш станаа Филистејците и се улогорија во Јудеја, па се раширија дури до Лехи.
10 А жителите на Јудеја запрашаа: 'Зошто излеговте против нас?' Тие одговорија: 'Дојдовме да го врземе Самсона, за да постапиме со него онака како што тој постапи со нас.'
11 И три иљади души Јудејци отидоа до пештерата кај карпата Итам и му рекоа на Самсона: 'Зар не знаеш дека Филистејците владеат над нас? Што ни направи?' Тој им одговори: 'Како што постапија тие со мене, така постапив и јас со нив.'
12 Тие му рекоа: 'Дојдовме да те врземе, за да те предадеме во рацете на Филистејците.' А Самсон им рече: 'Заколнете се дека нема да ме убиете.'
13 Тие му одговорија: 'Не, ние само ке те врземе и ке те предадеме во рацете нивни, а што се однесува до убивањето, нема да те убиеме.' И го врзаа со две нови јажиња и го одведоа од пештерата.
14 Кога се приближи до Лехи, Филистејците го пресретнаа со радосно викање. И Духот Господов слезе врз него, и јажињата на рацете негови станаа како изгорен лен, и врските паднаа од рацете негови.
15 Па најде пресна ослина челуст, ја протегна раката, и ја зеде и уби со неа иљада души.
16 И рече Самсон: 'Со ослина челуст убив толку, двапати по толку, со ослина челуст убив иљада души.'
17 Откако го рече тоа, ја фрли челуста од раката своја и го нарече тоа место: 'Рамат-Лехи.'
18 Тогаш почувствува силна жед; викна кон Господа и рече: 'Ти го изврши со раката на Твојот слуга ова големо избавување; но сега ке умрам ли од жед или ке паднам во рацете на необрезаните.'
19 И Бог ја расцепи карпата во Лехи, и потече вода од неа. Тој се напи, духот му се поврати и оживе; затоа беше наречено тоа место: 'Извор на оној што се моли', што е во Лехи и до ден денес.
20 И тој беше судија над Израилот во дните на Филистејците дваесет години.