Судии . Chapter 8

1 И му рекоа Ефремовците: 'Зошто направи така, та не повика, кога замина да војуваш против Мадијамците?' И многу се караа со него.
2 Гедеон им одговори: 'Па што направив така, како вие сега? Нели се пабирките на Ефрема подобри од гроздоберот на Авиезер?
3 Во ваши раце Бог ги предаде мадијамските кнезови Орива и Зива, и како можев јас да сторам такво нешто, како вие?' Тогаш духот нивни спрема него се смири штом тој им ги кажа тие зборови.
4 А кога дојде Гедеон кај Јордан, го премина тој и тристоте души, што беа со него. Тие беа уморни поради гонењето на непријателот.
5 И им рече тој на жителите на Сокхот: 'Дајте им леб на овие мажи што се со мене, зашто се гладни; јас ги гонам мадијамските цареви Зевеја и Салмана.'
6 Сокхотските началници рекоа: 'Зар раката на Зевеја и Салмана е веке во твои раце, та да и даваме леб на војската твоја?'
7 Гедеон одговори: 'Не така, туку кога Господ ке ги предаде Зевеја и Салмана во рацете мои, јас ке ги уништам телата ваши со трње од пустињата и со боцки.'
8 Оттука отиде во Фануил и им го рече истото на неговите жители, и фануилските жители му одговорија, како што одговорија жителите на Сокхот.
9 Тој им кажа и на фануилските жители: 'Кога ке се вратам во мир, ке ја растурам таа кула.'
10 А Зевеј и Салман беа во Каркара и војските нивни со нив до петнаесет иљади, се што беше останало од сета војска на жителите од исток; а паднаа сто и дваесет иљади души мечоносци.
11 И отиде Гедеон при оние што живееја во шатори на исток од Нов и Јегвал и го разби логорот, кога логорот стоеше безгрижно.
12 Зевеј и Салман избегаа; тој се спушти по нив и ги фати двајцата цареви - Зевеја и Салмана, и го доведе во збрка целиот логор.
13 Тогаш Гедеон, синот на Јоаса, се врати од војната пред изгревот на сонцето.
14 И фати едно момче од жителите сокхотски и го распраша; и тој му ги напиша имињата на началниците и старешните сокхотски - седумдесет и седум души.
15 Потоа дојде кај жителите сокхотски и рече: 'Ете, Зевеј и Салман, за кои ми се потсмевавте, велејки: ‘Зар раката на Зевеја и Салмана е веке во твои раце, та да им даваме леб на твоите изморени ду е?‘'
16 И зеде трње од пустињата и боцки, па ги казни со нив градските старешини, жители на Сокхот.
17 и ја сруши фануилската кула и ги уби градските жители.
18 И му рече на Зевеја и Салмана: 'Какви беа оние, што ги убивте на Тавор?' Тие одговорија: 'Беа како тебе - секој прилегаше на царски син.'
19 Гедеон рече: 'Тие беа мои брака, синови на мајка ми! Господ нека ми е сведок: да бевте ги оставиле живи, не би ве убил ни јас.'
20 И му рече на Јетера, својот првороден син: 'Стани, убиј ги!' Но момчето не го извади мечот свој; се плашеше, бидејки беше уште млад.
21 Тогаш Зевеј и Салман рекоа: 'Стани сам и порази не, зашто според човекот е и силата негова.' И стана Гедеон, и ги уби Зевеја и Салмана, и ги зеде веришките, што беа околу вратовите на камилите нивни.
22 И му рекоа Израилците на Гедеона: 'Владеј со нас ти и син ти и внук ти, бидејки ти не спаси од рацете на Мадијамците.'
23 Гедеон им одговори: 'Ниту јас ке владеам со вас, ниту мојот син ке владее со вас; Господ нека владее со вас.'
24 И им рече уште Гедеон: 'Ве молам за едно, дајте ми секој по еден накит од пленот свој. Зашто непријателите, бидејки беа Исмаилци, имаа многу златен накит.'
25 Тие одговорија: 'Kе дадеме.' И послаа една облека и фрлаше таму секој по еден накит од пленот свој.
26 Златните накити, што тој ги измоли, тежеа иљада и седумстотини сикли, освен веришките, копчињата и пурпурните одежди, што ги носеа мадијамските цареви, и освен златните веришки што беа на вратовите од камилите нивни.
27 Од тоа Гедеон направи Ефод и го стави во својот град, во Ефрат; и почнаа сите Израилци блудно да одат таму, по ефодот, кој беше замка за Гедеона и целиот дом негов.
28 Така се смирија Мадијамците пред синовите Израилеви и повеке не кренаа глава, и земјата беше спокојна четириесет години во деновите на Гедеона.
29 И отиде Јераваал, Јоасовиот син, и живееше во својот дом.
30 Гедеон имаше седумдесет сина, произлезени од бедрата негови, бидејки имаше многу жени.
31 А и наложницата, која живееше во Сихем, му роди син, и нему му даде име Авимелех.
32 И умре Гедеон, синот Јоасов, во длабока старост, и беше погребан во гробот на таткото свој, Јоас, во Ефрат Авиезеров.
33 Откако умре Гедеон, Израилевите синови пак почнаа да одат блудно по Вааловци и го поставуја за свој бог Ваалверита.
34 Израилевите синови не се сетија на Господа, својот Бог, Кој ги беше спасувал од рацете на сите околни непријатели,
35 и кон домот на Јероваала, односно на Гедеона, не покажаа благодарност за сите добрини што му ги направи Тој на Израилот.