Рут. Chapter 2

1 Ноемин имаше роднина по мажот, човек многу виден, од племето на Елимелех, по име Воз.
2 И Моавката Рут и рече на Ноемина: 'Kе тргнам по нивјата и ке собирам класје по оној во чии очи ке најдам наклоност (љубов).' Таа и одговори: 'Оди керко.'
3 Таа отиде и почна да бере на една нива класје по жетварите. И се покажа дека таа нива му припа а на Воз, којшто беше од племето Елимелехово.
4 И ете, Воз дојде од Витлеем и им рече на жетварите: 'Господ со вас.' Тие му одговорија: 'Нека те благослови Господ!'
5 И Воз го запраша слугата свој, надгледувачот на жетварите: 'Чија е онаа млада жена?'
6 Слугата, надзорникот над жетварите, одговори и рече: 'Таа млада жена е Моавка, дошла со Ноемина од Моавските полиња;
7 таа ни рече: ‘Оставете ме да берам и да собирам ме у снопјата по жетварите‘; дојде и остана тука од утрината до сега; таа малку останува дома.'
8 И Воз и рече на Рут: 'Слушај, керко моја, не оди да собираш на друга нива и не си оди оттука, туку остани со моите слугинки;
9 гледај на која нива тие жнеат, и оди со нив; ете јас им заповедав на слугите свои да не ти пречат; кога ке ожедниш, оди кај садовите и пиј, од каде што црпат слугите мои.'
10 Таа падна ничкум, се поклони до земја и му рече: 'Со што се здобив пред очите твои со милост, па ме примаш, иако сум ту инка?'
11 Воз и одговори и и рече: 'Ми рекоа за се што си направила за свекрвата своја по смртта на мажот твој, дека си оставила татко, мајка и татковина и си дошла ме у народ кој не си го познавала до вчера и завчера;
12 Господ нека ти возврати за твоето дело, и да добиеш полна награда од Господа, Бог Израилев, при Кого си дошла, за да се успокоиш под Неговите криља!'
13 Таа одговори: 'Можеби ке најдам милост пред очите твои, господару мој! Ти ме утеши и и зборуваше од срцето на робинката своја, макар и да не вредам ни колку една слугинка твоја.'
14 И и рече Воз: 'Кога ке приближи времето за јадење, дојди тука и јади леб и топи го залакот свој во оцет.' И таа седна при жетварите. Тој и даде леб; таа јадеше, се најаде, и уште и остана.
15 И стана да собира класје. Воз им заповеда на слугите и рече: 'Нека собира и ме у снопјата, и не ја навредувајте;
16 дури и од снопјата потфрлувајте и оставајте; нека собира и немојте да ја прекорувате.'
17 Така собираше таа на нивата до вечерта и го исчука собраното и тоа даде близу една ефа јачман.
18 Откако го зеде тоа, отиде во градот, и свекрва и виде, колку беше собрала таа. И го извади Рут од пазувите свои и и го даде она, што и беше останало, откако се беше најала.
19 И и рече свекрвата: 'Каде береше денес и каде работеше? Да биде благословен оној, што те примил!' Рут и кажа на свекрвата своја, кај кого работела, и рече: 'Човекот, кај кого денес работев, се вика Воз.'
20 И и рече Ноемин на снаата своја: 'Нека е благословен од Господа, поради тоа што не ги лиши од милоста своја ниту живите, ниту умрените!' И и рече Ноемин: 'Тој човек ни е близок; тој е наш роднина.'
21 Моавката Рут и кажа на свекрвата своја: 'Тој дури ми рече - остани при слугинките мои, додека да ја завршат жетвата моја.'
22 И и рече Номин на снаата Рут: 'Добро е, керко, тоа што си одела со слугинките негови, и нема да те оскрбуваа на друга нива.'
23 Така се приклучи таа кон Возовите слугинки и береше класје, додека заврши јачменовата жетва и пченичната жетва, и живееше при свекрвата своја.