Рут. Chapter 3
1 И и рече Ноемина, свекрвата нејзина: 'Kерко, нели бива да живееш подобро!
2 Ете, Воз, со чии слугинки беше ти, е наш роднина, оваа нок тој го вее јачменот на гумното;
3 затоа изми се, намачкај се, промени се и оди на гумното, но не му се покажувај, додека заврши со јадењето и пиењето;
4 а кога ке легна да спие, дознај го местото, каде ке легне; тогаш оди, откри го откај нозете негови и легни; тој ке ти каже што да правиш.'
5 Рут и рече: 'Kе направам се што ми кажа.'
6 И отиде на гумното и направи се онака, како што и порача свекрвата нејзина.
7 Воз се најаде и се напи, и го развесели срцето свое, и отиде, па легна да спие до стогот. И таа отиде полека, го откри од кај незоте негови и легна.
8 На полнок тој се тргна, се обsрна, а тоа при нозете негови лежи жена.
9 И и рече Воз: 'Која си ти?' Таа одговори: 'Јас сум Рут, твоја робинка, рашири го крилото свое над својата робинка, зашто си ми роднина.'
10 Воз и рече: 'Благословена да си од Господа, керко! Таа своја поледна милост ти ја изврши подобро од првата, кога не отиде да бараш момци, бедни или богати;
11 затоа не плаши се, керко! Јас ке направам за тебе се, што кажа ти; оти при секоја порта кај мојот народ знаат, дека ти се чесна жена;
12 иако е точно, дека сум ти роднина, но има друг роднина, поблизок од мене;
13 нокевај таа нок; а утре, ако тој те земе, добро, нека те земе, ако, пак, не те земе, јас ке те земам; жив е Господ! Спи до утре!'
14 И преспа таа при нозете негови до утрината и стана, пред да можат да се распознаа еден со друг, зашто Воз рече да не се знае дека доа ала жена на гумното.
15 И и рече: 'Дај ја наметката што е на тебе, подржи ја.' Таа ја држеше, и тој и измери шест мери јачмен, ја натовари и си отиде во градот.
16 А Рут дојде кај свекрва и. Таа ја запраша: 'Што направи, керко?' Таа и раскажа се, што беше направил оној човек за неа.
17 Таа рече: 'Тој ми ги даде овие шест мери јачмен и ми рече: 'Не оди со празни раце при свекрвата своја!'
18 Таа и рече: 'Почекај, керко, додека да дознаеше, како ке се сврши работата; зашто тој човек нема да се успокои, додека не ја сврши денас таа работа.'