Захарија. Chapter 2
1 И пак ги подигнав очите и видов: и, ете, еден маж, кој во раката имаше мерно јаже.
2 Го прашав каде ке одиш? Тој ми рече: одам да го измерам Ерусалим, за да видам колкава му е ширината и колкава му е должината.
3 Тогаш ангелот, што зборуваше со мене, излезе, а друг ангел му дојде во пресрет,
4 и тој му рече на оној: Побрзај и кажи му на оној млад човек - Ерусалим ке се насели по селата поради многуте лу е и добиток во него.
5 И Јас ке му бидам огнен sид, околу него, вели Господ, и ке се прославам во него.
6 Еј, еј! Бегајте од северната земја, вели Господ, зашто Јас ке ве соберам од четирите ветра небески, вели Господ.
7 Спасувај се Сионе, ти што живееш при керката Вавилонова.
8 Зашто така вели Господ Седржителот, Кој ме прати за слава при народите, што ве плачкосуваа: зашто кој ке се допре до вас, ке се допре до зеницата на окото Мое.
9 И, ете, Јас ке ја кренам раката Своја против нив, и тие ке станат плен на слугите свои.' Тогаш ке познаете дека Господ Саваот ме пратил.
10 'Ликувај и весели се, керко Сионова, зашто ете, Јас ке дојдам и ке се населам во тебе', вели Господ.
11 И ке се приберат многу народи при Господа во оној ден и ке станат Негов народ. И Он ке се насели ме у тебе, и тогаш ке разбереш дека Господ Саваот ме пратил при тебе.
12 Тогаш Господ ке го земе во владение Јуда, Својот дел на светата земја, и пак ке го избере Ерусалим.
13 Нека молчи секоја плот пред лицето на Господа, зашто Он стана во облаците од Своето свето живеалиште.