Захарија. Chapter 3
1 Потоа ми го покажа тој Исуса, Големиот архиереј, Кој стоеше пред ангелот Господен, и сатаната, кој стоеше од Неговата десна страна, за да Му се противставува.
2 И му рече Господ на сатаната: 'Господ да те укори, Господ да ти забрани, Оној Кој го избра Ерусалим. Зар не е Он гламја истргната од оган?'
3 А Исус беше облечен во извалкана облека и стоеше пред ангелот,
4 кој им одговараше и на оние што стоеја пред него, и им рече: 'Соблечете ја од него извалканата облека; и нему лично: ете, ја отфрлив од тебе вината твоја и те облекувам во торжествена облека.'
5 Потоа рече: 'Ставете Му на главата чист кидар и - Му ставија на главата чист кидар и го облекоа во торжествена облека. А ангелот Господен стоеше.
6 И ангелот Господен, сведочејки, му рече на Исуса:
7 вака вели Господ Саваот: 'Ако одиш по патиштата Мои и ако бидеш Моја стража, ке му судиш на Мојот дом и ке ги вардиш дворовите Мои. И Јас ке ти дозволам да одиш ме у тие лу е што стојат овде.
8 Но, послушај, Исусе, голем архиереју, ти и браката твои, што се пред твоето лице, оти тие лу е се познати. Еве, Јас ке го доведам Својот слуга - Зачетникот.
9 Оти, ете, тој е каменот што го поставуавам пред Исуса, на тој единствен камен има седум очи; ете, Јас ке го изделкам на него ликот негов, вели Господ Саваот, и ке го простам гревот на оваа земја во еден ден.'
10 Во тој ден, вели Господ Саваот, ке се поканувате еден со друг под лозата и под смоквата.