Захарија. Chapter 7
1 Во четвртата година на царот Дарија би слово Господово кон Захарија, на четвртиот ден од деветтиот месец - Хаслев,
2 кога Ветил ги испрати Сарацера и Регемелеха и придружниците нивни за да се помолат пред лицето на Господа
3 и да ги прашаат свештениците, што се нао аа во домот на Господа Саваот, и пророците, па да прашаат: ‘да плачеме ли во петтиот месец и да постиме ли, како што го правевме тоа, еве, веке многу години?‘
4 И би слово на Господа Саваот до мене:
5 ‘Кажи му на сиот народ од оваа земја и на свештениците вака: кога постевте и плачевте во петтиот и седмиот месец, и тоа цели седумдесет години, за Мене ли постевте, зар за Мене?
6 И кога јадевте и пиевте, зар не јадевте за себе и зар не пиевте за себе?‘
7 Зар истите зборови не ги кажуваше Господ преку поранишните пророци, кога Ерусалим беше населен и спокоен, а и градовите околу него, јужната страна и низината, кога беа населени?‘
8 И би слово Господово до Захарија:
9 вака зборуваше тогаш Господ Саваот: извршувајте суд праведен и имајте милост и сочувство кон својот брат;
10 вдовици и сираци, придојден и сиромав не злоставувајте и не мислите зло во срцата ваши еден против друг.
11 Но тие на сакаа да слушаат, и се одвратија од Мене; и ушите ги затнаа за да не слушаат.
12 И срцето го скаменија, за да не го пазат законот и зборовите што ги испракаше Господ Саваот преку Својот Дух до поранешните пророци; па затоа и ги постигна големиот гнев на Господа Саваот.
13 И како што викав Јас, а тие не слушаа, викаа и тие, но Јас не ги слушав, вели Господ Саваот.
14 па ги распрснав по сите народи, кои тие не ги познаваа, и оваа земја запусте по нив, така што никој не одеше ни напред ни назад по неа, и тие саканата земја ја претворија во пустиња.