Осија. Chapter 13
1 Кога Ефрем зборуваше, сите трепереа. Тој беше издигнат во Израилот; но беше згрешил со Ваала, а затоа загина.
2 А сега го умножи гревот: направија идоли излеани од сребро, онака како што сами ги разбираа - уметничка работа - па им велат на лу ето да принесуваат жртви и да ги целиваат телињата.
3 Поради тоа тие ке бидат како утрена магла, како роса, што брзо исчезнува, како плева што ветар ја однесува од гумното, како дим од димник.
4 Но Јас сум Господ, твојот Бог. Од земјата Египетска - и ти не треба да имаш друг Бог освен Мене, нема Спасител освен Мене.
5 Јас те познав во пустињата, во засушената земја.
6 Па, имајки пасишта, тие беа сити; а кога се заситуваа, срцето им се возгордуваше, и поради тоа Мене Ме забораваа.
7 И Јас ке бидам како лав за нив, како лавче што демне покрај пат.
8 Kе напа ам врз нив како мечка, чии мечиња се грабнати: ке им ги истргнувам срцата нивни и ке ги изедам таму како лавица, полските sверови ке ги раскинуваат.
9 Ти пропа аш, Израиле, зашто само во Мене е твојата потпора.
10 Каде ти е сега царот? Каде се твоите судии, за кои велеше: 'дај ни цар и началници!'
11 Јас ти дадов цар во гневот Свој, но ти го одзедов во јароста Своја.
12 Врзано е беззаконието на Ефрема, останат е гревот негов.
13 Родилни маки ке претрпи; тој е неразбран син, инаку не би останал во положба на тукушто родено дете.
14 Од власта на пеколот ке ги откупам, од смртта ке ги избавам. Смрт - каде ти е силата? Каде ти е тебе, пеколу, победата? За тоа нема да се покајам.
15 Иако е Ефрем плоден ме у браката, но ке дојде источен ветар, ке се крене ветрот Господен од пустињата, и ке го пресуши изворот негов, тој ке го однесе богатството од сите сокровишта.
16 Опустошена ке биде Самарија, зашто се крена против својот Бог; од меч ке паднат тие, нивните младенци на камен ке бидат разбивани, а бремените жени ке бидат распарувани.