Осија. Chapter 10
1 Израилот е рагранета лоза; колку повеке таа има плод, толку повеке се умножуваат жртвениците; колку му е подобра земјата, толку повеке се украсуваат идолите.
2 Разделено е срцето нивно, и затоа ке бидат казнети: Он ке ги разруши нивните жртвеници, ке ги здроби идолите нивни.
3 Сега тие велат: 'Немаме цар, зашто не се уплашивме од Господа, а царот - што ке ни прави тој?'
4 Зборуваат, даваат лажни завети, склучуваат сојузи; затоа над нив ке има суд, како треба отровна по браздите на нивните ниви.
5 За телето во Бет - Авен ке затреперат жителите на Самарија; ке заплаче за него народот негов, и жреците негови, кои се радуваа со него, ке плачат за славата негова, оти неа ке ја снема од него.
6 И тој самиот ке биде врзан и одведен во Асирија како дар на царот Јарим; посрамен ке биде Ефрем, и ке се засрами Израилот поради својот заговор.
7 Kе го отфрли Самарија својот цар, како пена над вода.
8 И ке бидат истребени идолските светилишта на Авен, гревот Израилев; во трње и боцки ке обраснат жртвениците негови, па ке им речат на планините - покријте не, а на ридовите, паднете врз нас!
9 Повеке згреши, Израиле, отколку во деновите на Гива; таму тие опстојаа, војната во Гаваон против синовите на беззаконието не ги постигна.
10 По своја желба ке ги казнам; ке се соберат против нив народите, и тие ке бидат заробени поради двојниот нивни престап.
11 Ефрем е обучена јуничка, свикната да врши, и Јас Самиот на нејзиниот убав врат ке и ставам ам; па Ефрем ке влече, Јуда ке ора, а Јаков ке брани.
12 Сејте правда - па да пожнеете милост; разорувајте ја рамнината, оти време е да Го побарате Господа, и така Он, штом ке дојде, да ве одржи во правда.
13 Одгледавте беззаконие - ожнеевте нечестие, јадевте плод на лагата, оти ти се надеваше на својот пат, на многуте војници.
14 И ке се појави смут во твојот народ, и сите твои тврдини ке бидат разрушени, како што Салман го разруши Бет - Арабел во денот на битката: мајка биваше убивана заедно со децата.
15 Ете, така ке направам, доме Израилев, поради неправдата ваша.