Осија. Chapter 6

1 Во болката своја тие од рано утро ке Ме бараат и ке велат: да одиме и да се вратиме кон Господа, зашто Он ке не рани, и Он ке не исцели, ке не порази - и ке ни ги преврзе раните наши;
2 ке не оживее за два дена, а во третиот ке не подигне, и ние ке живееме пред лицето Негово.
3 И така, сега да се стремиме да Го познаеме Господа; појавата Негова е како утрена зора, и Он ке дојде при нас како дожд; како доцен и ран дожд ке ја наполни земјата.
4 Што да ти направам, Ефреме? Што да ти направам, Јудо? Чесноста ваша е како утрена магла и како роса што брзо исчезнува.
5 Затоа Јас ги поразив преку пророците и ги биев со зборови од устата Своја, и судот Мој е како светлина што ке изгрева.
6 Оти Јас сакам повеке милост, а не жртва, и познавање на Бога, отколку жртва сепаленица.
7 А тие, како Адам, го нарушија заветот, и таму Ме изневерија.
8 Галад е град на беззаконици, испрскан со крв.
9 Како разбојници го дочекуваат човека така, здружени свештеници убиваат по патот за Сихем и вршат лоши работи.
10 Во домот Израилев гледам ужасни работи; таму Ефрем блудствува, Израилот се извалка.
11 И за тебе, Јудо, е определена жетва кога ке го повратам од ропството Мојот народ.